Како да ја вратите моќта и самоконтролата во вашиот живот?

Како да ја вратите моќта и самоконтролата во вашиот живот?

Што ви е вашиот внатрешен критичар – најголемиот непријател или најдобриот пријател? Немојте да чекате некој да ви даде моќ над животот, бидејќи премногу време ќе помине и тоа ќе биде залудно. Само вие ја имате способноста да си ја обезбедите и задржите моќта и самоконтролата во животот.

Како да ја вратите моќта и самоконтролата во вашиот живот?

Држете ги своите мисли позитивни и оптимистички, но размислувајте и за последиците. Бидете претпазливи, но не ги пропуштајте шансите. Бидете безгрижни, но внимавајте со големите ризици. Рамнотежата е клучна за животот исполнет со среќа, радост и задоволство. Во продолжените, прочитајте за најдобрите 6 начини да воведете рамнотежа во својот живот.

1. Избегнувајте да обвинувате некоја надворешна сила за лошите искуства. Само вие управувате со своите мисли и дела. Сѐ се случува со причина, и добрите и лошите работи. Целта не е да ги избегнете, туку да научите како да се исправите на нозе после падовите, и како да останете приземни после подемите.

2. Избегнувајте да се обвинувате себеси за нешто што не ви оди од рака. Ретко кој се раѓа учен. Никогаш не е доцна да се научи нешто ново и доколку нешто не можете да направите, запомнете дека повторувањето е мајка на знаењето. Ако некоја работа за некого е комплицирана, за друг е едноставна и обратно. Не губете надеж.

3. Бидете свесни кога и каде играте жртва. Обрнете внимание на знаците кои ви велат дека не сте одговорни за тоа што сте биле, имале, правеле или чувствувале. Понекогаш, вие ниту сте го предизвикале текот на настаните ниту сте виновни за нив. Она што ви преостанува да го направите во тие моменти е да се обидете да најдете соодветно решение.

4. Зближете се со својот најголем непријател – својот внатрешен критичар. Обидете се да го претворите во свој најдобар пријател кој е секогаш тука да ве поддржи и да ви го каже вистинскиот збор во вистинското време. Нема ништо посилно од сопственото: Тоа може целосно да ја оформи сликата која ја имате за себе. Обидете се да го одржите позитивно.

5. Одлучете што сакате во животот и потрудете се тоа и да го постигнете. Работете на своите цели, аспирации и соништа. Остварете ги. Престанете да чекате некој да ви го овозможи она што сметате дека не можете сами да го постигнете. Никогаш нема да знаете дали ќе успеете или не, доколку не се обидете.

6. Бидете свесни дека имате многу избори – и во делата и во чувствата, и во која и да било ситуација во којашто ќе се најдете. Изберете го патот кој придонесува за вашиот личен напредок и ве прави да бидете смирени и со себе и со другите. Кога се чекори смирено и самоуверено, дури и најтешкиот пат ќе стане лесен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар