Како да ја вратите изгубената мотивација на работното место?

Без разлика колку си ја сакате вашата работа, постојат периоди кога вашата мотивација паѓа на минимум. Може да имате милион различни причини зошто се чувствувате така, но она што е важно, е дека на сите им се случува понекогаш. Следете ги истрајно следниве 11 чекори и научете како да ја регенерирате вашата мотивација, која длабоко ви недостигала.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?

1. Бидете искрени со себе

Првиот чекор е признавањето пред сами себе дека ви недостасува мотив да ги завршувате секојдневните работни обврски и фактот дека треба да преземете нешто во врска со тој проблем. Започнете да се ослободувате од ваквата незаинтересираност, на начин што после работното време ќе почнете да го користите секој слободен момент да ги правите оние активности кои отсекогаш сте ги сакале. Спорт? Љубов? Дружење? Шетање? Што и да ви треба – реализирајте го.
.

2. Зошто работите токму во оваа фирма?

Лесно е да се препуштате на чувството дека претставувате само еден мал забец од големата машинерија. Наместо да дозволите да ве надвладее, потсетете се од колкаво значење е вашата работна позиција за компанијата во која работите. Извештаите кои секојдневно ги добивате можеби не ви изгледаат важни, но тие се дел од процесот на донесување одлуки во фирмата, кои можат да влијаат на нејзиниот раст и развој во целина. Секој ден запишувајте си на лист по една причина, зошто сте вие важна алатка за таа фирма.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?

3. Од која причина работите?

Дали работите за да го прехраните вашето семејство, за да им помогнете на вашите родители или за, чекор по чекор, да ја изградите вашата кариера? Без разлика од која причина сте биле мотивирани да ја прифатите оваа работа, запишете ја на лист или во вашиот мобилен. На тој начин, секојдневно пред вашите очи ќе имате афирмација зошто го работите она што го работите, а тоа ќе ви ја поврати вербата во себе.
.

4. Читајте мотивациски книги

Можеби ви звучи смешно, но читањето квалитетни мотивациски книги, може повторно да го запали жарот за работа во вас. После работното време, тркнете до најблиската книжарница и купете 2-3 мотивациски книги за градење самодоверба, позитивно размислување и постигнување успех во кариерата. Можеби ќе научите некој нов трик, кој досега ве кочел да успеете да се претставите во вашето најдобро светло.
.

5. Избегнувајте негативни колеги

Еден од најголемите „цицачи“ на вашата позитивна енергија се колегите кои гледаат „црно“ на животот и на нивната работа. Има и таков тип, кои воопшто не се намуртени, туку на суптилен начин се обидуваат да ве „згазат“ за тие да се покажат и истакнат пред претпоставениот. Ако забележите дека тоа ви се случува вам, реагирајте во најбрз можен рок. Ако имате услови, побарајте преместување во друга канцеларија или на друго биро, а доколку тоа не е возможно, избегнувајте премногу разговори со тој колега, кои ќе резултираат со губење на вашата верба во себе.
.

6. Читајте инспиративни мисли

Можеби звучи малку клише, но денес на интернет можат да се прочитаат разни мотивациски пораки или мисли од големите мудреци, кои потсвесно можат да ви го направат денот попозитивен. Наместо кога ќе станете наутро на работа, веднаш да почнете да се напнувате со обврските кои ве чекаат денес или да мислите на шефот кој ќе ве критикува дека не сте сработиле нешто добро, сварете си кафенце и прочитајте неколку позитивни, инспиративни мисли. На крајот на краиштата, подобро е да бидете опкружени со позитивни, отколку со негативни мисли, нели?! Да се биде циничен е лесно, но да се има верба, е нешто на кое треба да се работи.
.

7. Избегнувајте канцелариско озборување

Најмногу што можете, избегнувајте да бидете дел од разни озборувања. Ваквите муабети се најчесто испровоцирани од луѓе кои немаат попаметна работа од тоа да ве дефокусираат од она што треба да го правите – да ги вперите очите во она на кое што работите. Канцелариското озборување нема никаква функција, може да биде екстремно штетно и плус, истата личност со која сте озборувале, најверојатно утре ќе го збори истото за вас на некој друг.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?

8. „Избегајте“ од проблемот накратко

Ако се борите со некој конкретен проблем во вашиот работен проект, тогаш немојте да се трескате од ѕид секојдневно поради тоа. Потрошете час-два правејќи нешто друго, кое ќе ви ги одвлече мислите и ќе го намали притисокот кој го чувствувате и потоа навратете се назад на задачата. Ваквата кратка пауза, ќе му даде шанса на вашиот мозок да дојде до решението на проблемот кој треба да биде решен. Човековиот ум е фантастичен решавач на проблеми, се разбира, ако му дозволите да го стори тоа.
.

9. Проверете го вашето држење

Дали седите подгрбавени над вашето биро и се чувствувате очајно секој ден? Ова е тотално погрешниот физички сигнал кој му го испраќате на вашето тело. Ако усвоите депресивна и демотивациска поза на вашето тело, така ќе се чувствувате и на психолошки план. Пробајте да седите исправено и гордо и следете ги инстантните позитивни промени во вашето расположение.

Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место? 10. Пијте вода

Неверојатен е фактот колку дехидратацијата може да направи да се чувствувате исцрпено, незаинтересирано, млитаво и без грам мотивација за работа. Човечкото тело се состои од 50-65% вода, што значи дека секојдневно му требаат нови количини. Пиењето по неколку чаши вода на ден, може да направи да се чувствувате поенергично отколку што верувате. Чувајте си едно шишенце на вашето биро секој ден. Водата е вашето гориво – искористете го.
.

11. Започнете го денот онака како што планирате да го завршите

Станувате наутро и си го удирате палецот од ногата во масата. Потоа ги миете забите и сфаќате дека сте се извалкале со паста на кошулата. Влегувате во вашиот автомобил и моторот не пали или ако користите јавен превоз – автобусот доцни. Си велите: „Супер, ова ќе биде еден од оние денови“. Со таквата мисла вие ќе ја определите вашата емоционална состојба за цел ден и речиси ќе уживате гледајќи како работите стануваат уште полоши во наредните часови, бидејќи тие се доказ дека сте биле во право кога сте помислиле дека „денес не ви е денот“.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?Можете да ја промените лошата емоционална состојба која ја предизвикале неколкуте глупави ситуации кои ви се случиле, така што ќе погледнете во фотографијата од вашето дете или милениче. Ако немате ни едно ни друго, никогаш не е на одмет да погледнете смешно или мотивационо видео какво што е „Каде по ѓаволите е Мет?“

На крај, не заборавајте, вие сте онаа личност, која мислите дека сте, па затоа одберете ја најдобрата верзија од себе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар