Како да ја вратите духовноста во вашиот сексуален живот и да уживате во љубовното заедништво?

Многумина веруваат дека сексуалноста и духовноста се две сосема различни работи. Се смета дека не можете да бидете духовни, ако имате секс, бидејќи сексот е „грев“. Но, пред догматските идеологии, сексуалноста се почитувала како свето изразување на животната сила и природа. Ако сакате да имате духовен живот, мора да ја почитувате својата сексуалност исто како што ги почитувате сите останати делови од вашата природа. Иако сексот се поврзува со многу валкани и „перверзни“ идеи, самиот чин може да се претвори во нешто свето и длабоко.

Како да ја вратите духовноста во вашиот сексуален живот и да уживате во љубовното заедништво?

Како да се справите со сексуалната вина и срам?

Сексуалноста е табу тема во нашето општество, бидејќи таа е една од основните сили кои не можеме да ги контролираме. Длабоко во себе, веруваме дека таа е поврзана со оној непознат универзален извор на енергија од каде што потекнуваме и каде што продолжуваме со живот.

Чувството на срам е една од најголемите пречки со којашто многумина се соочуваат кога се обидуваат да ја прифатат сопствената сексуалност. Но, зошто убиствата на телевизија се сметаат за нешто што е „соодветно за гледање“, а љубовните сцени се означени како нешто неприкладно? Зошто е толку тешко отворено да ја прифатиме и признаеме животната сила која постои во нас?

Срамот е емоција што ја учиме од нашето семејство и заедница. Уште од рана возраст учиме поради кои работи би требало или не би требало да се чувствуваме лошо и како резултат на тоа, ја развиваме способноста за чувствување вина. На тој начин, почнуваме да отфрламе одредени аспекти од себе и да ги потиснуваме, како што се сексуалните желби и фантазии.

Некои луѓе ја негираат својата сексуалност и ја отфрлаат како низок физички инстинкт. Тврдат дека треба да се издигнат над неа, а не знаат дека сексот ги создава основните музички мелодии на духот.

Секако дека сексуалноста не може да ве дефинира, но таа е сепак дел од вас. Ако ја негирате, ја блокирате вашата внатрешна енергија што доведува до прекршување на душата и тогаш станувате нецелосни и ограничени, наместо да творите како целина.

Како да ја вратите духовноста во вашиот сексуален живот и да уживате во љубовното заедништво?

Спиритуален секс: 3 вида божествена поврзаност

Постојат многу луѓе кои сфатиле дека сексот е моќен алат што помага при трансценденталниот развој. Всушност, духовниот секс е најбрзиот и најлесниот начин да спознаете слично мистично искуство.

Сексуалната енергија е еден од ретките инстинкти што постојат во нас и кој никогаш не може во целост да се „цивилизира“. Доколку сте дошле дома уморни после работа и друштвото ве вика да одите во кино, најверојатно ќе одбиете. Но, ако запознаете привлечна личност која ви е достапна, тоа ќе предизвика силна енергија во вас, за која најверојатно не сте ни свесни дека постои.

Експертите тврдат дека постојат 3 основни видови секс што можете да ги имате…

1. Будна поврзаност

Поголемиот дел од првите сексуални искуства со партнерите спаѓаат во овој вид на поврзаност. Кога сме ранливи, интимни, изложени и кога „работиме“ на заедничките пријатни моменти, нашата свесност станува сѐ посилна поради истражувањето на телото на сексуалниот партнер. Таа поврзаност не е толку длабока, туку станува збор за будна свест. Чувствата на ранливост и возбуда го активираат адреналинскиот механизам кој стимулира будност и на тој начин целото искуство е повеќе исконско одошто духовно. Овој вид на секс е многу заразен, бидејќи новите сексуални партнери нѐ наградуваат со тие моменти на „божествена“ состојба на свеста.

2. Свесна поврзаност

Како што чувствата на ранливост и стимулација слабеат, така слабее и нашата желба за првиот вид на секс. Во свесната поврзаност учиме како да го негуваме урамнотежениот облик на духовниот секс, кој создава баланс помеѓу страсната животинска и сензуално разиграната страна на нашата сексуалност. Во свесната поврзаност ги слушаме нашите сексуални желби, го истражуваме своето тело и телото на нашите љубовници, развиваме подлабока интимност по пат на набљудување и сензуално милување, односно ги следиме нашите најдлабоки форми на сексуално изразување. Тоа честопати предизвикува интензивни чувства на заедништво и љубов кои накратко не водат надвор од земскиот свет. Токму преку вежбање на свесна поврзаност, ќе можете да стигнете до следната фаза на длабока поврзаност.

Како да ја вратите духовноста во вашиот сексуален живот и да уживате во љубовното заедништво?

3. Длабока поврзаност

Постои еден убав термин во тантричките белешки напишан на санскрит познат како „Maithuna“, што буквално значи „сексуално соединување“. Тоа е едно од најважните тантрички учења бидејќи свесно го користи „сексуалниот интензитет“ како скала која се издигнува до поголемите висини на интензитетот и се фокусира на духовното просветлување, а не само на физичкото сексуално задоволство.

Сексуалниот нагон произлегува од силата на нашите тела и емоции, но сам по себе не е доволно силен за да нѐ подигне на ново ниво на свест. Тантричкиот секс може да ни помогне да доживееме вистинска длабока сексуална поврзаност, преку отелотворување на нашата душа. Овој вид на секс може да се опише само како чувство на бескрајно чисто блаженство, топлина и соединување на идентитети (или губење на егото), особено за време на оргазмот.

Доколку сакате да доживеете длабока поврзаност преку духовен секс, прочитајте ги следниве неколку совети…

  • Останете во целибат колку што можете подолго. Тоа ќе ја зголеми вашата сексуална енергија и тогаш ќе можете да научите како да ја канализирате. Можеби ќе почувствувате трпки во долниот дел од грбот, но тоа е само духовната енергија што ви помага да го доживеете единството.
  • Одвојте време и посветете се само на вашиот партнер. Создадете сензуална атмосфера со свеќи, тивка музика, убава облека од природни материјали, пријатни миризби и слично.
  • Седнете еден спроти друг и полека ставете ги рацете на телото на вашиот партнер за да ги разбудите сетилата. Нежно допирајте го телото на партнерот, но не дозволувајте рацете да преминат на ерогените зони, туку само во нивна близина. Оваа состојба на возбудување нека трае колку што сакате.
  • Приближете се во заедничка прегратка и вдишете си го здивот. Тоа ќе ви овозможи да остварите свесно соединување.
  • Одржувајте контакт со очи во текот на односот. Вашето сведочење на љубовниот чин ќе ви овозможи да останете присутни и да видите дел од таа бесценета убавина.

Доколку сакате да доживеете духовно будење за време на сексуалниот однос, прочитајте го овој водич за тантрички секс.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар