Како да ја продадете вашата приказна за 30 секунди?

Како да ја продадете вашата приказна за 30 секунди?

Независно дали сте на некое интервју за работа, се поврзувате и социјализирате на некое работно собирање или забава или наидувате на шефот или потенцијалниот шеф во лифтот, вие имате малку време да ги заинтересирате и привлечете овие личности, и што е уште поважно, да го задржите нивното внимание. Тоа обично трае околу 30 секунди и вие во тоа време треба да ги убедите другите дека навистина имате што да понудите.

Како да ја продадете вашата приказна за 30 секунди?

„Повеќето луѓе не умеат ефективно да се претстават себеси. Не се навикнати да го претворат во зборови тоа што го работат. Клучот е во вежбањето. Вежбајте да се претставите себеси во 30 секунди. Тоа треба да биде спонтано, течно и уверливо“, објаснува Пол МекДоналд, извршен директор на фирмата „Robert Half“.

Не е важно што работите и што сакате да продадете и претставите, важен е начинот на кој ќе го направите тоа. Во продолжение, неколку совети како ефективно да го привлечете и задржете вниманието на другите.

1. Имајте јасна слика за тоа што сакате да го постигнете. Вашата кратка приказна треба да одговори на следниве 3 прашања:

  • Кој/а сте вие?
  • Со што се занимавате?
  • Каде сакате да одите, односно што барате?

Тоа треба да го разрешите со самите себеси.

2. Издвојте 4 теми за кои сакате да зборувате. Можеби и тоа е премногу за толку кратко време, но пронајдете ги оние области во своето работно искуство во кои сте одлични. Говорете за способностите, целите, аспирациите…

3. Раскажете ја вашата приказна. Луѓето ги сакаат приказните, според МекДоналд, па затоа тоа и дајте им го. На овој начин, другите полесно ќе ве запомнат.

4. Без жаргони. Тоа што го работите и тоа што сте треба да го објасните на начин кој е за сите јасен и разбирлив. Избегнувајте терминологија врзана за само една струка, како и жаргонот. Замислете дека објаснувате што работите на вашата баба или вашето внуче.

5. Оставете нешто за следниот разговор. Објаснете кои сте, што правите и што сакате, но оставете нешто и за следната средба. На тој начин, луѓето ќе сакаат повторно да слушнат нешто повеќе за вас.

6. Мерете го времето. Додека го вежбате говорот, би требало да го бележите и времето. Ако приказната ги преминува тие 30 секунди, скратете ја, исфрлете ги непотребните детали и обидете се повторно. Ова е корисен совет за скоро сите презентации. Тие обично траат 10-15 минути и потоа вниманието драстично опаѓа. Затоа е важно да пробате еднаш или два пати, притоа проверувајќи ги минутите, за да имате претставата за времето кое го имате на располагање.

7. Направете видео. Снимајте се додека вежбате за да знаете како им изгледате на другите. Дали сте интересни, дали може да ви се верува? Опуштете се, однесувајте се природно и обидете се да направите пријатна средина додека говорите. Можете да вежбате и пред огледало.

8. Испробајте се на вашите пријатели и колеги. Замолете ги своите блиски пријатели да ве ислушаат и да ви ги кажат своите впечатоци и мислења: Што според нив треба да задржите, а што да исфрлите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар