Како да ја преживеете сезоната на алергиите?

Пролетта веќе започна, каде и да погледнете можете да забележите дрвја со нови лисја, прекрасни цвеќиња на земјата и птици кои со песна ја испраќаат зимата. Но, ако страдате од алергии, пролетта не е толку убава слика за вас – всушност, таа повеќе изгледа како кошмар од кој не можете да избегате. Наредниве неколку месеци ќе ви бидат тешки, па затоа прочитајте ги овие неколку совети кои можат барем малку да ви ја олеснат борбата со алергиите…

Држете ги прозорите затворени

Најважното правило за да си помогнете на себе е да ги држите причинителите на алергии што подалеку од вас. Најдобриот начин да успеете во оваа намера е доколку прозорците и вратите од вашиот дом останат затворени.

Како да ја преживеете сезоната на алергиите?

И покрај тоа што топлото време и свежиот воздух можеби ве примамуваат, издржете барем додека не помине најбурниот период на пролетта и потоа внесете малку нов воздух во вашиот дом.

Приклучете развлажнувач на воздух

Алергиите се влошуваат во посуви климатски услови каде што нема доволно дожд за да ги бутне причинителите на алергии од воздухот во земјата каде што не се толку голем проблем. Но, само затоа што е суво надвор, не мора да значи дека треба да биде суво и внатре. Пробајте да си помогнете со апарат кој ќе го развлажнува воздухот во вашиот дом.

Но, бидете внимателни со неговата употреба. И покрај тоа што малку повлажен воздух може да ви помогне, доколку претерате со употребата, големи се шансите да предизвикате појава на мувла која исто така влијае негативно на алергиите.

Купете прочистувач на воздух

Друг начин на кој можете да си помогнете во сезоната на алергии е со прочистувач на воздухот. Тој ги отстранува прашината и останатите причинители на алергии од воздухот кој го дишете. За најголем ефект, чувајте го во просторијата каде што спиете. Или пак, доколку работите од дома, наместете го онаму каде што го поминувате поголемиот дел од денот.

Колку е почист воздухот, толку помалку вашето тело мора да се бори, притоа овозможувајќи ви поголем мир и удобност во вашиот нос.

Обидете се со нети пот

Овој начин на справување со алергиите може на прв поглед да ви биде застрашувачки. Сепак, на кој би му се допаѓала идејата да внесува вода низ едната носница само за истата да излегува низ другата? Тоа може да создаде чувство на давење, што не секоја личност свесно би го посакала.

Како да ја преживеете сезоната на алергиите?

Но, ако можете да преминете преку начинот на кој ова функционира, ќе сфатите дека и не е толку лошо. Топлата вода предизвикува чувство на олеснување во воспалените носни патишта и ефективно ги отстранува причинителите на алергиите кои го предизвикуваат тој проблем. Да не заборавиме и на фактот дека во солената вода нема хемикалии или неприродни супстанци кои предизвикуваат непријатни несакани последици.

Пијте јаболков оцет

Се верува дека јаболковиот оцет има голем придонес при одржувањето на здравјето (како на пример, одржување на постабилно ниво на шеќер кај дијабетичарите, намалување на крвниот холестерол и притисок, па дури и при борбата со ракот), но исто така помага и при борбата со алергиите. Како?

Ако се напиете една лажичка чист оцет, што ќе се случи? Вашите очи ќе почнат да солзат и синусите ќе ви се прочистат. Сите овие нешта помагаат при исфрлање на причинителите на алергии надвор од вашето тело.

Пијте многу вода

Една од најдобрите нешта кои можете да ги направите за време на сезоната на алергиите е да пиете многу вода. Колку повеќе поете вода, толку повеќе слуз може да направи вашето тело. И секако, колку повеќе слуз имате, толку сте поспособни за борење со сите оние причинители на алергии со кои секојдневно се сретнувате.

Како да ја преживеете сезоната на алергиите?

Вашата цел нека биде околу 6-8 чаши вода дневно. Доколку не сте навикнати да пиете чиста вода во поголемо количество, тогаш додајте во неа малку цеден лимон или портокал.

Јадете зачинета и/или топла храна

Зачинетата храна функционира на сличен начин како и јаболковиот оцет. Погрижете се храната да ви биде толку лута што ќе ви бидат потребни марамчиња додека јадете.

Како што веќе спомнавме, колку повеќе го прочистувате вашиот нос, толку подобро ќе биде за вас. Овој начин на справување со алергиите не само што е природен и ефективен, туку и ви овозможува резултати веднаш.

Посетете доктор

Доколку сте се обидете со сè, но ништо не ви помогнало, можеби е време да го посетите вашиот доктор. Дознајте дали ви е потребен специјализиран третман за да го спречите влошувањето на вашите алергии или пак, станува збор за некој вид инфекција.

Алергиите знаат да бидат многу досадни и проблематични, но постојат многу работи со кои можеме да ги направиме полесни. Обидете се со некои од овие совети денес и се надеваме дека уште утре ќе можете полесно да дишете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар