Како да ја одржувате вашата кожна јакна?

Кожната јакна е дел од гардеробата за кој се исплати да одвоите пари, бидејќи сигурно ќе можете да ја носите во наредните неколку сезони. Но, за таа да изгледа секогаш како нова, важно е да ја одржувате на вистинскиот начин.

Како да ја одржувате вашата кожна јакна?

Секогаш можете да ја однесете кожната јакна на хемиско чистење кога ќе ви се извалка, доколку се плашите дека ако ја чистите сами ќе ја уништите. Сепак, со благ детергент за шарени алишта, можете одлично да ја исчистите и сами, за неколку минути.

Како да ја исчистите?

  • Пребришете ја површината на јакната со влажна крпа.
  • Потоа нежно пребришете ја со крпа на која сте нанеле мала количина течен детергент за шарени алишта.
  • Сапуницата којашто ќе остане, отстранете ја со влажна, а потоа и со сува крпа.
  • Темелно исушете ја со потполно сува крпа, која е препорачливо да биде памучна.
  • Ставете ја јакната на закачалка и изнесете ја надвор да се проветри.


Како да ја одржувате кожата?

Кожата е склона на напукнување, особено ако не се одржува правилно. Затоа, еднаш неделно намачкајте ја јакната со средство за нега на кожни предмети. На крпче, нанесете малку од средството и со него пребришете ја јакната. Доколку немате средство за одржување кожа, секогаш можете да се послужите со хидратантна крема која не е многу мрсна или бебешко млеко за тело.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар