Како да ја одржите мистеријата во вашата врска?

Како да ја одржите мистеријата во вашата врска?

Модерниот брак е навистина комплициран. Секој има повеќе обврски отколку што може да заврши и зафатеноста само се зголемува. На сета зафатеност додаваат и социјалните мрежи. Денес сме во контакт со многу повеќе луѓе од кога било порано. Но поради оваа зафатеност, имаме помалку време за личностите што ги сакаме.

Како да ја одржете мистеријата во вашата врска?

Често сме презафатени со пријателите на социјалните мрежи, а ова создава цела низа проблеми. Поради ова многу често партнерите бараат љубов или само флерт од поранешни партнери и други личности. Па, како резултат, модерните парови имаат ново барање во врските – дигитална транспарентност.

Но, целосната дигитална транспарентност има своја цена. Кога знаете сè за вашиот партнер, нема простор за никаква мистерија. Без мистерија нема привлечност. А штом ќе исчезне привлечноста, врската тргнува во надолна линија. Ви станува здодевно и на двајцата, се чувствувате осамено и дури можете да почнете да барате некој друг. Па, што можете да направите во врска со ова?

Постои тенка линија помеѓу таинственоста и мистеријата, а таинственоста не е секогаш добра. Ако ви е потребна поддршка во оваа област, не сте сами. Премногу парови се обидуваат да внесат нешто ново во врската без да ја расипат истата. Но самото барање на нешто ново е вредно бидејќи мистеријата е можеби клучното нешто за одржување на здравиот брак со текот на времето. Па, дајте сè од себе за да ја зачувате „свежината“ во вашата врска. Навистина вреди!

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во духовна љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар