Како да ја одберете соодветната маска од глина за вашиот тип кожа?

Како да ја одберете соодветната маска од глина за вашиот тип кожа?

Забрзаниот ритам на живот и многубројните обврски со кои се сретнуваме во секојдневниот живот честопати се одразуваат на нашата кожа. Стресот, нездравата исхрана и ниските температури го прават своето. Поради тоа многу е важно да ѝ ја овозможите соодветната нега и одвреме-навреме да направите длабинско чистење, односно детоксикација на кожата.

1-specifichnostite-na-razlichite-tipovi-na-maski-od-glina-za-soodvetnite-problemi-i-tipovi-na-kozha-www.kafe[auza.mk_

Благодатите на глината во негата на кожата се познати уште од антички времиња, а ја користеле уште Египќаните за лекување на различни кожни проблеми. Поради тоа глината е честа состојка во козметичките препарати, особено во оние кои се наменети за нечиста и проблематична кожа. Глината изобилува со минерали и хранливи супстанци кои го поттикнуваат чистењето на кожата однатре. Резултатот од редовната употреба на природни маски од глина е чиста, здрава и блескава кожа.

Популарноста на маските од глини денес нагло порасна, а сигурно и вие самите веќе сте испробале една. Сепак, постојат различни типови глинени маски и секоја од нив има свои специфичности и типови кожа за која е наменета. Најпознати видови глини се зелена, бела, црвена и црна. Секоја од нив содржи одредени минерали, а по составот донекаде се разликуваат, па затоа некои се наменети за масна кожа, а други пак за мешана или чувствителна кожа. За да знаете кој вид глина треба да го изберете, прво мора да знаете кој тип кожа го имате. Во продолжение подетално ќе ве запознаеме со најпознатите видови глини, како и со нивните карактеристики и специфичности.

2-specifichnostite-na-razlichite-tipovi-na-maski-od-glina-za-soodvetnite-problemi-i-tipovi-na-kozha-www.kafe[auza.mk_

Зелена глина

Таа во себе содржи бројни минерали како што се калциум, цинк и фосфор, а маската од зелена глина се препорачува на луѓето со масна и мешана кожа на лицето. Зелената глина го чисти и омекнува лицето, го спречува развивањето на бактериите, ја подобрува микроциркулацијата на кожата и ја враќа нејзината влажност. Исто така, делува против воспаленија и помага при отстранувањето на лојот.

Бела глина (каолин)

И оваа глина најдобро им одговара на луѓето со масна и мешана кожа, а го поттикнува чистењето и детоксикацијата на кожата и ефикасно делува на акните и мозолчињата. Исто така, помага при отстранувањето на вишокот лој од кожата. Освен тоа, ја ублажува иритацијата на кожата, го изедначува тенот и ги осветлува темните флеки. Со редовното употребување на маските од бела глина вашата кожа ќе стане помека и поеластична, а појавата на акни ќе станува сѐ поретка. Белата глина е нежна и блага кон кожата поради неутралната pH вредност и антисептичните својства, па може да ја користат и личностите со чувствителна или сува кожа на лицето.

Црвена глина

Оваа глина е добар избор за чувствителна и кожа која е склона кон алергии. Добра е за решавање кожни проблеми како што се црвенилото, чешањето и лупењето. Многу е ефикасна во третирањето на зрелата кожа, па е одлична за различни видови третмани против стареење. Содржи богати состојки и разни минерали кои го поттикнуваат чистењето на кожата. Црвената глина го поттикнува и протокот на крв и кислород во кожата, а резултатот е сјајна и здрава кожа.

Црна глина

Црната глина содржи висока концентрација на соли и минерали, па затоа е одлична за отстранување на мртвите клетки од кожата. Ја поттикнува циркулацијата на крвта и поволно влијае на тонусот и текстурата на кожата. Таа е добар избор за личностите кои имаат проблеми со разни кожни заболувања како што се псоријаза и егзема.

Важно е да се каже дека во маските за лице уште се користи и расул, глина која ја прочистува кожата и монтморилонит, глина која ги отстранува површинските несовршености.

3-specifichnostite-na-razlichite-tipovi-na-maski-od-glina-za-soodvetnite-problemi-i-tipovi-na-kozha-www.kafe[auza.mk_

Доколку имате мешана кожа на лицето, би требало да го испробате таканаречениот мултимаскинг. Станува збор за употреба на повеќе различни маски за лице, а тоа ќе ви помогне да постигнете различни ефекти на одредени делови од лицето. На пример, доколку вашето чело често се мрси, тогаш потребна ви е маска за отстранување на вишокот лој, но нема смисла истата маска да ја нанесувате и на останатите делови од лицето, ако имате само проблематично чело. На останатите делови нанесете маска за сјај или пак за чистење на нечистата кожа и слично.

Во продолжение прочитајте и за 6-те најдобри домашни маски за лице за блескава кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар