Како да ја надминете зимската депресија?

Ако мислевте дека празниците се напорни, подгответе се. Треба да се справите со зимата, а можеби имате забележано дека на сите им се влошува расположението овој период. Сигурно се имате прашувано како да ја надминете зимската депресија без да хибернирате до пролет. За среќа постојат неколку суптилни животни промени кои ќе ви помогнат и за кои нема да можете да најдете изговор.

Како да ја надминете зимската депресија?

Од неодамна сезонското афективно нарушување повеќе не е класифицирано како нарушување на расположението, туку како збир на симптоми од други нарушувања на расположението. Па, ова значи дека ако не сте дијагностицирани со депресија или други видови нарушувања на расположението, тогаш не можете да кажете дека ја имате. Сепак ова не значи дека зимата не може да ви го влоши расположението. Комбинацијата на намалената сончева светлина, намалената активност на отворено, како и многу други „зимски“ фактори имаат влијание. Погледнете како да се справите со зимската депресија на неколку едноставни начини.

Осветлете го вашето опкружување

Недостатокот од сончева светлина може значително да го намали внесувањето на витамин Д. Вие можете да земате суплементи, но пробајте и терапија со светлина која со сигурност ќе ви го подобри расположението. Истражувањата покажале дека седењето во кутија со вештачка светлина околу 30-тина минути дневно може да ви помогне со зимската депресија исто колку и антидепресивите.

Излезете од дома

Знаеме дека ниските температури ве тераат да се покриете со ќебе и да не мрднете од дома до пролет, но без разлика колку е студено, излезете на кратка прошетка и на малку свеж воздух. Ќе се вратите освежени, а вашиот фокус ќе се подобри. Научните истражувања покажале дека поминувањето време надвор ја зголемува креативноста и концентрацијата.

Вежбајте за уживање

Нема потреба секое вежбање да биде напорно и тешко. Кога надвор температурите се смрзнувачки, малку физичка активност може да биде голем плус. Од Универзитетот Харвард објавиле истражување според кое брзото пешачење од 35 минути, 5 пати неделно, или 1 час, 3 пати неделно, ги подобрува симптомите на депресија. За ова не ви е потребно ни членство во теретана.

Пуштете си музика

Дури и ако имате цимери кои мразат гласна музика, сепак можете да користите слушалки. Кога надвор е тмурно и мрачно, ништо не може да ви предизвика насмевка како вашата омилена песна. А покрај тоа, ефектите не се само краткотрајни. Едно истражување од 2013-та година покажало дека слушањето музика им го подобрило расположението на испитаниците, и тоа и краткотрајно и долгорочно. Среќата ви е на дофат на рака.

Кратко патување

Ако сè друго не успеа и ако сте во можност, испланирајте си краток одмор на потопло место. Дури и еден викенд на сонце може да ви ја освежи меморијата и да ве потсети дека зимата не е вечна. Ако имате финансиски средства, немојте да се двоумите.

Погледнете уште неколку совети кои ќе ви помогнат да ги победите најдепресивните денови во годината.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар