Како да ја искористите бременоста за напредок во вашата кариера

Чекате бебе? Ви честитаме! Пред вас е едно од најубавите искуства во животот на една жена. Бременоста, исто така е пресвртница за која треба добро да се подготвите, бидејќи за 9 месеци во вашиот живот ќе пристигне личност која ќе промени сè. Најверојатно до вас веќе пристигнале разни приказни и многу совети. Некои се точни, а некои не. Еден од нив е дека ова е последна шанса да направите нешто само за себе, со што се сложуваме. Меѓутоа, други совети велат дека е време да се откажете од работните предизвици, бидејќи сега е време да ги промените вашите приоритети. Еве како да докажете дека за вас нема откажување и дека бременоста е време кое само ќе ја унапреди вашата кариера.

1-kako-da-ja-iskoristite-bremenosta-za-napredok-vo-vashata-kariera-www.kafepauza.mk_

Како е возможно да ја претворите бременоста во работен предизвик?

Многу амбициозни жени ја сфаќаат бременоста како период во кој професионално се стагнира, но како и секогаш, станува збор само за ваш избор. Кога размислувате за месеците кои се пред вас, сетете се дека сега го имате најважниот ресурс кој е потребен за самоусовршување – времето. Ова е единствена прилика да се запишете во школата што истовремено ќе ви донесе и знаење и ценети сертификати кои подолго време ги посакувате.

Сега е вистинскиот момент

Вистина е дека децата им одземаат многу време на родителите, особено во првите неколку години. Поради тоа ова е најверојатно последна прилика за вашето сериозно професионално напредување во претстојниот период. За максимално да го искористите овој мирен период од вашиот живот во кој го имате целото внимание и грижа од околината, инвестирајте во вашето образование кое ќе ви донесе подобри работни прилики и заработка со која на вашето дете ќе можете да му го обезбедите само најдоброто.

Како да стекнете сертификати додека се одмарате дома?

Многу жени мораат да мируваат во одреден период, а понекогаш и во текот на целата бременост. Наместо најдосаден, ова може да биде најпродуктивен период од вашиот живот. На Интернет можете да пронајдете разни курсеви што ви нудат онлајн образование. Таму ќе можете да слушате предавања, да работите тестови и вежби, да учите и да ги полагате тестовите од дома, со минимален напор. Исто така, самите ќе можете да го организирате вашето време за учење и да работите со темпото кое ви одговара.

2-kako-da-ja-iskoristite-bremenosta-za-napredok-vo-vashata-kariera-www.kafepauza.mk_

Изберете го својот пат кон успехот!

Без разлика на тоа со што се занимавате, секогаш постои некој правец во кој ќе можете да го насочите вашето усовршување. Ова се областите кои се најбарани, а на вас останува да ја изберете онаа која најмногу ќе допринесе за вашиот успех.

  • Работна програма Кембриџ
  • Меѓународен менаџмент
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Стратегиски и оперативен менаџмент
  • Маркетинг и маркетинг менаџмент
  • Продажба и менаџмент на продажба
  • Менаџмент на инвестиции и бизнис трговија
  • Финансиски менаџмент
  • Менаџмент на проекти
  • Работна администрација
  • Претприемништво
  • Односи со јавноста
  • Управување со недвижности

Изборот е на вас. Ова слободно време што го имате можете и да го потрошите, но можете и да го искористите за сопствен напредок и тоа без никаков стрес и нервоза. За вас враќањето на работа не мора да биде грижа туку триумф, бидејќи покрај тоа што станувате мајка, во текот на отсуството имате прилика да станете и сертификуван експерт во некоја од областите кои се многу барани.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар