Како да извадите мастика од коса?

Вистинска мистерија е како мастиките воопшто завршуваат заплеткани во косата на децата, па и на возрасните. Кубење, врискање, задолжително потшишување, се некои од последиците од овој немил настан. Постои едноставен начин да го решите случајот.

Како да извадите мастика од коса?

Сè што треба да направите е да земете малку омекнат путер и да го нанесете на прамените зафатени со гумата за џвакање. Таа сама ќе се излизга, без никаков напор и влечење.

Не ви препорачуваме да си залепите мастика во коса за да ја испробате ефикасноста на овој трик, но ако некогаш во иднина, вам или на некој друг му се случи вакво нешто, имајте го путерот на ум.

Инаку, путерот може да ви се најде и за неколку други работи во секојдневниот живот. Еве ги тие негови примени:

Како да извадите мастика од коса?

Отстранување лепак од прстите на рацете – ова секогаш се случува кога лепите нешто. Пред да се обидете со сапунот и водата, протријте путер низ рацете, а потоа измијте ги на планираниот начин.

Сечење лепливи работи – ако треба да сечете тврдо суво овошје или пак некој друг леплив продукт, најпрво поминете со ножот низ путерот. Сечењето ќе биде беспрекорно, благодарение на намалувањето на лепливоста.

Отстранување смола од автомобилот – ги ловите сенките за да не се сварите следниот пат кога ќе влезете во автомобилот. Ама споредните ефекти од ваквото задоволство може да бидат во вид на смола налепена по каросеријата. Земете малку путер и ставете го на меко парче крпа. Тријте ја смолата сè додека не исчезне, заедно со путерот. Смолата ќе ја нема, а не треба да се грижите ни за гребаници.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. 1231 Reply

    E ova ne sum go slusnala do sega. 😉

  2. marina Reply

    mastika od kosa se vadi so aceton za nokti za dve sekundi:)

  3. anomis Reply

    ili vesnik i pegla mada toa e poise za alista

  4. didi_ppp Reply

    ili pak so mraz, mastikata ke se zdrvi i lesno ke se izvadi, isto so mraz ke ja izvadite mastikata zalepena na vasite alista

Остави коментар