Како да изгледате посериозно и постаро на работното место со помош на облеката?

Ако сте се запрашувале на кој начин на вашиот младолик изглед би му додале неколку години со цел да создадете посериозен изглед на работното место, ние пронајдовме решение за вас! Грета Монахан, автор на книгата „Стилот и успешната девојка“, ве советува како да изгледате професионално, но истовремено и беспрекорно во текот на работниот ден.

1-modni-soveti-kako-da-izgledate-poseriozno-i-postaro-na-rabotnoto-mesto-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_

Доколку сакаме да постигнеме професионален изглед, каква облека би требало да имаме во гардероберот?

Клучот е во начинот на комбинирање на облеката и во што поедноставниот изглед. Блејзерот или струкираното сако комбинирајте го со кошула во занимлива боја, што ќе направи вашата дневна комбинација да дојде до израз.

Постојат ли некои нијанси кои би требало да ги избегнуваме?

Темните бои се секако подобар избор од пастелните, односно најдобар избор на бои би биле: маслинесто зелена, бордо, тегет или боја на слива. Исто така, намалете ги светките на минимум.

2-modni-soveti-kako-da-izgledate-poseriozno-i-postaro-na-rabotnoto-mesto-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_

Дали таканареченото „коњско опавче“ е лоша идеја?

Во зависност од тоа на кој начин е стилизирано, опавчето може да направи да изгледате постаро или помладо. Опавчето на врвот од главата потсетува на незадолжително врзување на косата по тренингот, додека она опавче кое е врзано на страната или блиску да вратот дава впечаток на гламур и искуство.

3-modni-soveti-kako-da-izgledate-poseriozno-i-postaro-na-rabotnoto-mesto-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_

Каква фризура е соодветна за деновите кои ги поминуваме во канцеларијата?

Постојат јасни причини зошто лобот е една од најпопуларните фризури. Оваа фризура прилега на секој облик на лице и додава години и отменост на помладите жени.

Постојат ли аксесоари кои можат да додадат неколку години на нашиот изглед?

Грета смета дека очилата се фантастичен детаљ кој со себе носи силна порака. Накитот е исто така многу моќен доколку сакате да додадете сериозност во одреден изглед, меѓутоа внимавајте да не претерате со тоа украсување.

Дали неутралната шминка е најдобриот избор за на работа?

Да, запомнете дека луѓето сакаат да ве видат вас, а не вашата шминка. Премногу драматичниот изглед во текот на денот е неприфатлив. Секој може да додаде малку боја на очите или усните, но никако на двете. Избегнувајте ги светликавите тонови, бидејќи токму тие прават да изгледате помладо.

4-modni-soveti-kako-da-izgledate-poseriozno-i-postaro-na-rabotnoto-mesto-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_

Кои стилови би требало да ги избегнуваме?

Преголемото стилизирање и слепото следење на трендовите, може да изгледаат како детски потег, освен доколку вашето работно место се наоѓа во модната индустрија. Исто така, облеката без јасни контури покажува дека немате самодоверба и дека се обидувате да се сокриете зад облеката. Иако кодексот на облекување во вашата компанија пропагира опуштен, лежерен стил, секогаш добра идеја е да додадете некој елегантен детаљ.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар