Како да изберете совршени модни додатоци според обликот на телото?

Шлагот на целата модна комбинација е добриот моден додаток или аксесоар кој ќе го изберете заедно со неа. Исто како и обувките, така и аксесоарите се тука да допринесат за што подобар изглед на комбинацијата што ја носите. Или поточно кажано, имаат моќ и наједноставните дневни парчиња облека да ги направат многу поубави и помодерни. Но, тие кријат уште една моќ, а таа е дека можат да ги нагласат деловите од телото кои ви се допаѓаат, односно да ги сокриете оние кои не ви се допаѓаат. Затоа дознајте како да ги искористите модните детали за таа цел.

1-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

1. Одберете детали кои се вклопуваат во вашиот стил

Понекогаш многу добро изгледа кога ќе вклопите некои парчиња и детали кои инаку не би се согласувале, кои се неспојливи, но често е добро да водите сметка за тоа вашите аксесоари да одговараат на вашата комбинација, односно да се вклопуваат во вашиот стил. Па така, секогаш изберете дискретен накит или елегантна чанта за некоја работна комбинација или за некоја елегантна комбинација која ќе ја носите преку денот или вечерта.

Од друга страна пак, големата чанта или ранецот, заедно со голема марама или шал, можете да ги вклопите со лежерна и опуштена комбинација која ќе ја носите во текот на денот кога ќе одите на прошетка, на кафе со пријателките или во текот на нешто што е незадолжително. На овој начин, целата комбинација ќе биде совршено вклопена и ќе ѝ прилега на вашата фигура без никакво „отскокнување“.

2-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_ 3-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

2. Користете детали за да создадете илузија

Бројните ланчиња, нараквици, чанти и каиши, можете да ги искористите за да создадете илузија за обликот на вашата фигура, на пример да создадете изглед на „песочен часовник“. Појасот на половината ќе направи да го нагласите вашиот струк, односно да го направите потенок, а освен тоа ќе ја нагласи и линијата на градите и бутовите, што ќе ви даде облик на „песочен часовник“. Додека пак, носењето голема чанта преку рамената, која ќе се потпира на колковите, ќе направи никој да не забележи дека имате пошироки рамена во однос на бутовите.

4-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

Аксесоарите се прилично добри магионичари, бидејќи илузиите кои ги создаваат секогаш изгледаат одлично. Немојте да ги користите само за да ја наполните вашата комбинација, иако првенствено се наменети за тоа, туку искористете ги сите нивни можности.

5-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

3. Нека големината на модните додатоци биде пропорционална на вашата

Најверојатно некогаш сте здогледале девојка која е ниска, поситна, а носи прилично голема торба со себе. И да, ова не изгледа добро, бидејќи остава впечаток дека чантата е поголема од неа. Имајте го ова на ум за сите комбинации – потребно е да ја прилагодите големината на деталите на својата. Тоа исто важи и за очилата, па доколку имате поситна глава, големите рамки нема да ви прилегаат. Затоа секогаш треба да водите сметка за ова правило, за сите овие модни детали да „работат“ секогаш за вас и вашиот добар изглед.

6-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

10-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

4. Водете сметка на што привлекувате вниманието

Да ги прекриете недостатоците или да го истакнете она што го сакате, лесно може да се постигне со класичните модни додатоци. Што значи ова? Доколку имате совршена шминка која сакате сите да ја забележат, немојте да претерувате со големите ланчиња или обетки, бидејќи тие ќе го одвлечат вниманието од вашето лице, што е добро само тогаш кога сакате тоа да се случи. Истакнете ги вашите нозе со пар занимливи обувки или укажете на тоа дека имате совршен струк со впечатлив појас, а тогаш кога не сакате ништо од ова да се забележи, само „намалете“ со користењето на деталите. Таму каде што ќе ставите впечатлив аксесоар, имајте на ум, дека токму таму ќе привлечете внимание.

9-kako-da-izberete-sovrsheni-aksesoari-spored-vashiot-oblik-na-telo-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар