Како да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?

Во летните горештини, ги затвораме ролетните, пуштаме клима, се разладуваме со освежителни пијалаци, но забораваме дека можеби и на милениците им е топло. За да ги заштитиме милениците од големите горештини, важно е најпрво да ги препознаваме симптомите за непријатност кои тие ги покажуваат, па потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.

Како да го заштитите вашето маче или куче од топлото време?

Во својата книга „Extreme Weather“ (Екстремно време), Бони Шнајдер пренесува совети кои ѝ ги дале ветеринарите Шарлот Круглер и Адам Еичелбергер од Јужна Каролина. Кај кучињата и мачките, најчест симптом е гласното дишење со отворена уста и исплазен јазик, дури и кога лежат. Уште еден знак дека им е топло е потењето на перничињата на шепите. Додатни знаци можат да бидат недостаток на апетит и збунетост.

За време на горештините, тие не смеат да бидат изложени на напорни физички активности, бидејќи тоа може да допринесе до прегревање на нивниот организам. Во случај да ги приметите овие симптоми, најубаво ќе биде да го однесете вашиот миленик на ветеринар, каде што ќе му пружат соодветна нега.

Доколку ги чувате вашите миленици надвор, треба да внимавате во текот на денот да имаат сенка, како и секогаш да им менувате свежа вода и да имаат проток на свеж воздух. На овој начин ќе го заштитите вашето милениче од топлотен удар.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар