Како да го зајакнете вашиот имунитет за само 15 секунди?

За време на сезоната кога настинките се честа појава, овој едноставен и брз метод може да ве заштити од голем број здравствени потешкотии. Во продолжение прочитајте како со еден едноставен трик да го зајакнете вашиот имунитет.

Како да го зајакнете вашиот имунитет за само 15 секунди?

Професорот Сергеј Бубновскиј, познат руски експерт за кинезитерапија, тврди дека постои едноставна метода за зајакнување на имунитетот за која ќе треба да издвоите само 15 секунди. Тој препорачува секој ден во мал леген да ставите студена вода, можеби дури и ледена и во неа да ги потопите вашите стапала. Доволно е да ги задржите под вода 15 секунди и потоа да ги избришете со пешкир и да навлечете на нив дебели волнени чорапи. Повторувајте го ова секоја вечер пред спиење.

Од друга страна пак, ако веќе страдате од некаков вид настинка, тогаш практикувајте го овој метод што почесто, можеби дури и на секој 4 часа. Професорот истакнува дека вашата здравствена состојба нема да се влоши поради ладната вода, туку баш напротив, таа ќе се подобри. Би пробале?


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар