За да го направите вашиот дом попривлечно и поромантично место, треба да ги задоволите вашите сетила. Одберете голем и удобен мебел, нежни ткаенини, привлечни мириси и придушени светла. Но, не претерувајте. Еве неколку совети како вашиот дом да се претвори во едно едноставно, но сензуално место за Денот на вљубените.rn
Црвен аларм
rnЦрвената боја има неверојатна енергија. Таа го забрзува пулсот и го разработува метаболизмот. Њујоршкиот декоратор Мили де Каброл ја препорачува црвената боја за акцентирање на одредени делови, како што се кадифен стол, голема слика или тепих. Црвената боја може да се комбинира со смарагдно зелена, портокалова или кралско сина боја.
rn
Вечерно светло
rnНајдобро е да се одлучите за столни ламби. Мол Андерсон, авторот на книгата „Заводлив дом“, сугерира да инвестирате во придушено светло. Според Андерсон, светлото е многу важно за секоја соба. Тоа може дури и да ја смени намената на собата и да ја направи многу попривлечна.
rn
Вечен пламен
rnВо прилог на ламбите и придушеното светло, треперењето на пламенот од свеќите е совршен додаток. Без разлика дали се мали или големи, тесни или широки, во чаша или во свеќник, свеќите секогаш го поттикнуваат романтичното расположение.
rn
Нежен допир
rn
Удобните и нежни ткаенини не само што го задоволуваат сетилото за допир, туку може да изгледаат и многу луксузно. Одберете перници од кашмир, свила, кадифе или вештачко крзно, во кафеава, сива или кремаста боја.
rn
Островот на фантазијата
rnЕдно парче мебел во големи размери може да создаде романтична атмосфера во гостинската или во спалната соба. Можете да ја создадете сопствената фантазија во кревет со балдахин.
rn
Љубовна јама
rnУкрасете ја најважната соба со нежна постела, но не заборавајте го и удобниот душек. Андерсон советува да одберете постела во која ќе се чувствувате удобно, потоа додадете уште неколку перници, а наутро послужете го партнерот со топло кафе.
rn
Моќта на мирисот
rn
Романтиката, апетитот и мирисот се меѓусебно интимно поврзани. Мирисот на ванила, роза, иланг-иланг, бергам и јасмин се познати афродизијаци. И лавандата е, исто така, добар избор затоа што ја обожаваат и мажите и жените. Ако сте се одлучиле за неароматични свеќи, во тој случај може да употребите миризливи стапчиња.
rn
Променете го местото
rnВечерата на невообичаено место дава чувство на леснотија и изненадување. За промена, послужете ја вечерата во дворот, на терасата или на некое друго невообичаено место.
rn
Здравица со црвено вино
rn
Секогаш во близина имајте добро црвено вино и вински чаши. Тоа е добар начин да се започне разговорот. Дури и ако сте преморени од работа, чаша црвено вино може да ја направи романтична дури и најобичната вечера. Уште подобро е ако сте инвентивни и кажете некоја креативна здравица.
rn
Природен инстинкт
rnЗа романтична атмосфера на масата, заборавете на чаршафите. Не покривајте ја масата, туку декорирајте ја со стаклени вазни или поголеми чаши полни со цвеќе. Сензуалноста е природен инстинкт што ја нагласува природната убавина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

