Како да го спречите лошиот здив?

Лошиот здив е многу непријатен и засегнува многу луѓе низ целиот свет. Како што постојат повеќе причини кои го предизвикуваат лошиот здив, така има и разни начини како да се спречи. Со овие совети ќе си помогнете околу превенирање на лошиот здив, а во исто време ќе направите вашата усна шуплина да биде здрава во секој дел од денот.

1-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

1. Одете редовно на преглед кај вашиот забар

Посетувајте го вашиот забар за редовни прегледи и чистења на забите. Тоа е најдобар начин да бидете сигурни дека одржувате добра орална хигиена.

2-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

2. Четкајте ги забите два пати во денот

Најважно е да ги четкате забите правилно (горе-долу со четката, а не лево-десно како што повеќето луѓе прават).

3-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

3. Користете забен конец еднаш дневно

Задолжително е да користите забен конец еднаш дневно. Со негова помош внимателно ќе ги отстраните остатоците од храна кои се наталожиле помеѓу непцата, а со четкичка за заби не можат да се отстранат.

4-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

4. Користете течност за плакнење на усната шуплина

Оваа течност во никој случај не смее да биде замена за пастата за заби. Важно: ако имате расипани заби не користете течност за плакнење, бидејќи така само ќе го „замачка“ проблемот со расипаните заби, а нема да го отстрани непријатниот здив.

5-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

5. Четкајте го јазикот

Најголем број бактерии се таложат на јазикот додека спиете. Четкајќи го, ќе ги отстраните.

6-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

6. Избегнувајте го тутунот

Тутунот е причина број еден за вашиот лош здив. Тој ја суши вашата уста и остава многу непријатен мирис. Затоа, избегнувајте ги цигарите и производите од тутун.

7-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

7. Не дозволувајте вашата уста да биде сува

Пијте многу вода и течности. Осум чаши на ден се доволни за човековиот организам. Под течност не се подразбираат тетрапак соковите, туку природните цедени сокови и чаевите.

8-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар