Како да го посадите семето за посреќен живот?

Како да го посадите семето за посреќен живот?

Дали сакате да ги раширите погледите кон животот, да ги зацврстите односите со другите луѓе и да поставите солидна основа за среќен и исполнет живот? Еве како да го посадите семето за хармонија во животот.

Како да го посадите семето за посреќен живот?

Како да развиете поголема трпеливост?

Кога гледате дека сте на работ да го изгубите трпението, длабоко вдишете и потсетете се дека вие сте разбрано човечко суштество. Зборувајте смирено и ќе забележите дека колку постабилен е вашиот тон толку посмирено се чувствувате. Само разговорот со смирен тон ќе ве спречи целосно да го загубите трпението.

Хармонија во кујната

Неколку пати неделно или тогаш кога ќе најдете време, издвојте еден час и посветете се на работа во кујната. Испечете леб, направете торта или слатки. Ваквата навика е здрава и позитивно ќе се одрази на вашето расположение. Иако многумина во денешно време се навикнати ваквите работи да ги купуваат готови, понекогаш е добро да ги направите сами. Кога мирисот на печен леб ќе ја исполни вашата кујна, вие ќе се чувствувате смирено.

Како да го посадите семето за посреќен живот?

Посветете се на вашата градина

Исто, навикнати сме да купуваме зеленчук од пазар. Но зошто да не направите една, макар малечка зеленчукова градина? Доколку имате простор и можност, посветете се на одгледување на неколку зеленчукови растенија. Грижата за растенијата и здравата супа од зеленчук која сте ја подготвиле од вашата градина ќе придонесат да се чувствувате добро.

Имајте свое хоби

Слободното време не е време за безделничење или период од денот кој треба да го отспиете. Неодамна разговарав со странец кој е во пензија веќе неколку години. Кажа дека откако престанал со работа се посветил на градење ветерници. Тој можеби бил адвокат или директор, сеедно, сега градењето ветерници му внесува мир и спокој. Не дека мора вашето хоби да биде поврзано со тешка физичка работа или да чекате додека стигнете до пензија, само најдете нешто што ве исполнува и посветете му го вашето слободно време. Би можеле да бидете изненадени од исходот на вашата работа.

Посадете рози

Не само што вашиот двор или балкон ќе изгледа поубаво, туку и вие ќе се чувствувате поубаво кога ќе го пиете вашето утринско кафе меѓу расцветаните рози кои прекрасно мирисаат.

Како да го посадите семето за посреќен живот?

Физичка активност

Секогаш кога зборуваме за здрав и хармоничен живот, мора да ја споменеме физичката активност. Еве некои физички активности кои ви ги даваме како предлог:

Здрав однос со вашите родители и деца

Односот родители–деца секогаш е важен фактор за хармонија во животот. Посветете им љубов, грижа и внимание на вашите родители. Оформете здрав однос со вашите деца и поставете се како слободоумна личност на која можат да ѝ кажат сè и која секогаш ќе ги разбира нивните чувства. Без разлика колку сте зафатени, издвојте време да ги посетите вашите родители или да одите на прошетка со вашите деца. Надгледувајте го нивниот развој и правете белешки со цел да утврдите во што вашите деца би биле добри во иднина. Потоа трудете се да ги надградите нивните знаења во тие правци.

Грижете се за домашно милениче

Доколку веќе имате, посветете му повеќе внимание, доколку немате, купете го што поскоро. Грижата за друго суштество ќе ве смири, а после долгиот стресен ден на работа, галењето на вашето маче или игрите со вашето куче, навистина ќе ве ослободат од стресот.

Како да го посадите семето за посреќен живот?

Проширете ги хоризонтите

Патувајте секогаш кога имате можност. Не мора тоа да биде во далечни земји или да трошите пари на луксузи. Заминете на планина за време на викенд, посетете некое село и дојдете во допир со природата. Посетете друга земја кога имате прилика и дознајте повеќе за тамошната култура.

Опкружете се со зеленило

Одете на прошетки во природа, донесете зеленило во вашиот дом или градина. Само со прошетки на свеж воздух и одморање на очите со зеленилото, си правите многу подобро за себеси отколку што мислите.

Зајакнете ја врската со партнерот

Секојдневно разговарајте, тоа ќе ја зајакне интимната врска и ќе ве ослободи од стресот. Доколку се соочите со проблем во врската, не мора да го решите во истиот момент. Смирете ги страстите со тоа што ќе поминете 30 минути слушајќи се еден со друг. Не поставувајте прашања, само ислушајте се. На крајот од денот е секогаш добро да имате кому да му ги раскажете случувањата.

Како да го посадите семето за посреќен живот?

Работете на вашиот карактер

Вашето мислење кажувајте го гласно и јасно и одлучно речете НЕ кога нешто што се бара од вас не ви одговара. Така ќе го зајакнете вашиот карактер и ќе создадете авторитет во туѓите очи. Почнете така што ќе кажете НЕ за нешто со што не се согласувате.

Соочете се со негативните критики

Секогаш кога некој негативно ќе ве искритикува, како прво мора да бидете свесни дека на тој некој му значите вие и вашата работа, па сака да ви посочи каде грешите, или пак ако ништо друго, одвоил време и внимание за вашето дело. Првиот чекор кон подобрување на она што го работите е мирното прифаќање на критиките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар