Како да го подготвите автомобилот за продавање?

Доколку сте се решиле да го продадете вашиот автомобил, фино би било убаво да го припремите пред да го понудите на пазарот. Ова се неколку куси совети кои ќе ви помогнат побрзо да привлечете потенцијални купувачи, кои ќе бидат задоволни од понуденото.Како да го подготвите автомобилот за продавање?

Подобрете го изгледот на ентериерот и екстериерот

Кога станува збор за екстериерот, важно е да ги отстраните сите гребаници и вдлабнатини, кои настанале при чукнување на автомобилот. Вдлабнатините е навистина потешко да ги сокриете, бидејќи ќе треба да дадете многу пари за менување на некој дел или коригирање на истиот, но повеќето гребаници можат да се отстранат со полир-паста. Погрижете се да ги отстраните сите ситници на надворешноста на автомобилот, бидејќи тоа е првото нешто што го гледа потенцијалниот купувач.Како да го подготвите автомобилот за продавање?Спрејот за суво чистење е одлично средство за отстранување на разните дамки од седиштата. Истиот проблем можете да го решите и со соодветни навлаки за седиштата кои нема да ве чинат повеќе од 1.500 денари.

Од багажникот исфрлете ги сите елементи кои асоцираат дека автомобилот бил често поправан и оставете ја само основната задолжителна опрема.

Гуми

Автомобилот добива на вредност доколку има сет од зимски гуми или барем две од нив. Тие треба да делуваат дека се во одлична состојба, па затоа е важно да бидат добро исчистени. Истото важи и за гумите кои се веќе поставени на возилото.Како да го подготвите автомобилот за продавање?

Одлука за продажната цена

Најклучниот чекор за успешна продажба е креирање на цената на автомобилот. Од голема важност е непотценувањето на знаењето и интелигенцијата на купувачот. Во денешно време постојат голем број онлајн-сервиси за продажба на автомобили, на кои лесно може да се провери реалната цена на возилото. Затоа треба да бидете внимателни и реални, за да не оставите погрешен впечаток.Како да го подготвите автомобилот за продавање?Автомобилите во просек годишно поминуваат од 15.000 до 20.000 километри, доколку редовно се користат. Доколку километражата е над просекот, треба да сте спремни и свесни дека морате да ја намалите цената.

Соодветна документација

Пред да го огласите возилото, треба да ја спремите основната документација, која купувачот ќе сака да ја има на увид при купувањето на возилото. Под основни документи се подразбираат сервисна книшка, гарантен лист, полиса за осигурување, сообраќајна дозвола, а доколку предавањето на автомобилот значи и преземање на лизинг, тогаш важен е и склучениот договор за лизинг.Како да го подготвите автомобилот за продавање?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар