Како да го победите уморот?

Американски експерти откриваат кои продукти нè прават уморни, а кои ни даваат сила и енергија. Според нив, за да го елиминираме лошото чувство, во секојдневната исхрана треба да вклучиме овесни снегулки (особено наутро), јаткасти плодови (ореви, ф’стаци, бадеми и сл.), семиња и обезмастено кисело млеко.Како да го победите уморот?Исто така, и продуктите полни со железо имаат стимулирачки ефект врз организмот. Такви се јаболката, гравот, спанаќот и леќата.

Слатките задоволства и алкохолот пак, имаат спротивен ефект – предизвикуваат сонливост и чувство на исцрпеност. Меѓу производите кои нè прават уморни и треба да ги избегнуваме се и тестенините и мисиркиното месо (заради присуството на специфичен протеин во него, кој има претерано релаксирачки ефект).

Овој список со храна која треба да ја внесете, односно да ја отфрлите од секојдневието, е корисен и за оние што страдаат од несоница или едноставно сакаат да останат ведри и свежи во текот на целиот ден.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар