Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?

Многу е лесно да одберете евтин часовник кој одлично ќе се вклопи во вашиот моден стил, но сепак постојат неколку правила кои ќе ве научат како да го одберете правилниот часовник за на вашиот зглоб, кој ќе ви врши работа од повеќе аспекти.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?Првиот чекор е да одлучите за каков часовник ќе станува збор, механички или електронски. Ова може да биде клучно за квалитетот и цената на тоа што го купувате. Двата часовника функционираат на сосема различен начин, но сепак најдобрите светски брендови најчесто се определуваат за механички систем, кои генерално достигнуваат поголема цена.

Откако ќе одберете помеѓу механички и електронски часовник, треба да размислите какви функции сакате тој да има. Секое додатно својство, како отпорност на вода, следење на плима и осека, па дури и интегриран GPS систем, само надодаваат на цената. Затоа добро размислете дали додатните елементи кои ги има часовникот навистина ќе ви користат. Доколку не, определете се за некој поедноставен часовник, кој со сигурност ќе чини помалку пари.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?Клучна улога игра големината на часовникот, бидејќи тој треба да е комотен на зглобот без да виси од страните и да има соодветна тежина. Доколку преферирате да купите метален часовник, бидете сигурни дека тој ќе одговара со останатите метални додатоци кои би ги носеле. Исто така можете да размислите и за кожни ремени кои повеќе би се вклопиле во вашиот стил. Покрај функционалноста и вклопувањето во вашиот стил е многу важна работа при одбирањето на часовникот. Часовникот треба да го отсликува вашиот стил и вашиот карактер.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?Од технички аспект, за одржувањето на часовникот нема што многу да се прави. Секогаш гледајте тој да биде чист, па доколку станува збор за метален часовник редовно полирајте го. Единствената работа е промената на батеријата која ќе треба да ја правите одвреме-навреме. Доколку се определите за кожни ремени треба да внимавате на нивното одржување, бидејќи кожата се суши. Доколку имате метални ремени, за да ги исчистите од секојдневното потење и допирот со кожата, исчеткајте ги со малку паста за заби.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?

Лажни и евтини имитации

Во идеалниот свет сите би носеле оригинални часовници на нашите рачни зглобови. Но сепак реалноста е сосема поинаква, пазарот е преполн со имитации кои имаат многу ниски цени и на некој начин ја извршуваат основната функција прикажувајќи го времето. Но доколку не ви е целта да се правите мангуп со вашата „скапа“ имитација, тогаш купете го ако ви се допаѓа. Во спротивно луѓето лесно забележуваат дека не носите оригинално парче на вашиот зглоб, па не обидувајте се да ги излажете. Најубаво би било да си купите оригинален часовник, кој ќе чини колку што ви е долга чергата. Сепак, тоа е една долготрајна инвестиција која ќе ви користи вам, а можеби и на вашите потомци.

Основни правила за носење часовник

  • Часовникот секогаш носете го на понеактивната рака. Доколку сте деснак, на левата и обратно.
  • Никогаш, ама баш никогаш не носете го часовникот на внатрешната страна од зглобот.
  • Часовникот треба да ви е точен, но да не ви е премногу стегнат. Тој треба малку да е слободен и да може да се мрда нагоре-надоле на зглобот, а не да остава трага на раката кога ќе го извадите.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. MAJK - The Chef ;) Reply

    SEKOJA CEST ZA TEKSTOV!! Osobeno za Zenith El Primero slikata 😀 Toj sto go napisal, znae nesto za casovnici, i za povekjeto raboti e vo pravo. Pozdrav od Svajcarija, zemjata na casovnicite.

    El Primero

Остави коментар