Како да го облечете вашето мало девојче за посебни прилики?

Стилот е нешто со кое се раѓаме, но како и секоја друга особина и добра навика, доколку не се поткрепува со добри примери и не се вложува труд, тоа останува незабележливо. Никој не го сака тоа за своето дете, зар не? Поради тоа, би требало уште од „мали нозе“ да ја учите што е тоа стил, што е мода, односно како сето она што го облекуваме е дел од нашата личност.

1-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

Бидејќи пролетта и летото се време на разни славења, од роденденски забави и крштевки кои во овој период се најубави, па сѐ до венчавки, освен за себе, доколку имате и една принцеза во вашиот дом, тогаш морате да ја облечете најдобро што можете. Не се најдобро решение само моделите во кои таа ќе изгледа како балерина, заедно со многу сјај. Можете вашето мало девојче да го облечете баш како вас, да изгледа малку елегантно, малку свечено и во сето тоа да биде вистинско модно дете.

1. Нашите мали дами треба да изгледаат токму така, па со фустанот во некоја сведена форма, со малку барок детали на ракавите, во комбинација со две јаки бои, таа ќе се издвојува од сите останати, а ќе биде толку слатка и прекрасна како најубавото колаче кое се наоѓа во слаткарницата. Еве доказ дека сѐ може да биде без премногу тул и премногу светки.

2-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

2. Кога се во прашање некои посвечени прилики, повеќето сакаат нивното девојче да биде во бел фустан, бидејќи ова навистина е најубавата и најсоодветната боја за нивната природа. Но, не сакате да ги оставите без ниту еден детаљ. Можеби сите очекуваат тие да бидат во розова боја, па токму поради тоа изберете кралски сина, за уникатните и храбрите кои се истакнуваат од своето раѓање, до нежно жолта за нежните девојчиња со ангелски поглед.

3-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

3. Па дури и сосема белиот фустан, со занимлив крој, малку детали кои се наоѓаат напред и широки ракави, бидејќи зошто водечкиот тренд не би се искористил и кога станува збор за децата, ќе изгледа сосема поразлично и многу поинтересно од што било кое го носела досега.

4-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

4. Не е само нежно розовата боја за девојчиња, како што ниту сината не е само за момчиња. Кога ќе ја водите вашата ќерка на забава кај вашите пријатели, венчавка на некој ваш близок роднина, или каков било вид веселби, размислувајте за неа исто како за себе. Ќе ѝ биде потребно нешто удобно, бидејќи децата не сакаат кога нешто ги стега и ограничува. Ќе им биде потребно нешто пријатно за кожата, скроено до најфини материјали, најубав и најмек памук, а со сето тоа, таа мора да изгледа како снегулка и мамина и татина принцеза. Комбинирајте ги боите кои навистина изгледаат перфектно, совршено стилски, но и понатаму разиграно и детски.

5-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

5. Но, не мора секогаш тоа да бидат фустани, бидејќи постојат толку многу можности кои можете да ги облечете на вашето дете, а и понатаму тоа да изгледа најубаво. Бело здолниште со А крој, со топ кој се преклопува на грбот, со црно-бели детали во вид на копчиња и панделки, ќе направат таа да биде принцеза на вечерта, а еден ден ќе ви се заблагодари за тоа што сте ја научиле на добар изглед и колку е важна грижата за себе.

5-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

6. Доколку вашето девојче е љубител на жолтата боја, еве фустанче кое може да го носи на секоја специјална забава, настан, или пак, дури и за едноставна прошетка по градот. Времето за добар стил и уште подобар изглед никогаш не е ограничено.

7-kako-da-go-stilizirate-vasheto-malo-devojche-za-nekoi-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар