Како да го користите маслото од лаванда против анксиозност?

Како да го користите маслото од лаванда против анксиозност?

Поради секојдневниот стрес, многу луѓе се соочуваат со сериозни здравствени проблеми предизвикани од анксиозноста. Анксиозноста е „тивка“ болест која влијае и на физичкото и на менталното здравје, па ако не е лекувана може да ескалира во сериозна ментална пречка.

kako-da-go-koristite-masloto-od-lavanda-protiv-anksioznost-kafepauza.mk

Жените се повеќе подложни на оваа болест, а тоа е сериозна закана за нив и за нивното здравје. Поради стресот и депресијата, телото има недостаток од серотонин и допамин, што на долг рок може да има опасни последици.

Фактори кои се предизвикани од стрес и анксиозност кај жените:

  • Лажно интерпретирање на проблеми
  • Болки во мускулите и други делови од телото
  • Напнатост
  • Страв и за најмали работи
  • Замор
  • Болки во стомакот и гадење
  • Неспособност за опуштање
  • Проблеми со концентрација
  • Често одење во тоалет
  • Променливо расположение
  • Проблеми со голтање
  • Потење
  • Знаци на депресијата
  • Импулсивност
  • Отежнато дишење
  • Постојани главоболки
  • Проблеми со спиењето

Кога се случува ова, терапијата најчесто се одвива со лекови. Но, овие лекарства многу често предизвикуваат зависност, па природните третмани се подобри. Во некои случаи се препишуваат и лекарства кои имаат и сериозни несакани ефекти.

Традиционалната медицина нуди многу тревки и растенија кои се покажале како ефективни во борбата со овие болести. Едно истражување покажало дека маслото од лаванда всушност делува како повеќето препишани лекарства за анксиозност. Најдоброто од сè е што лавандата не предизвикува зависност, и од неа нема несакани ефекти.

Со масло од лаванда можете да третирате:

  • Депресија
  • Несоница
  • Симптоми на деменција
  • Воспаленија, болка во мускулите и болка во зглобовите

Како да го користите маслото од лаванда?

Можете да подготвите прекрасен чај од лаванда. Додајте 1-2 лажици исушени цветови од лаванда во шолја со врела вода. Оставете го чајот 10-15 минути, а потоа процедете го.

Исто така, можете да додадете 6 капки масло од лаванда во вашата купка, или пак 6-7 лажици суви цветови.

Маслото може да се консумира и орално, а можете да најдете и капсули. Пред да почнете со каков било третман, консултирајте се со вашиот лекар. Имајте на ум дека капсулите не се препорачуваат за деца.

Внимание

Доколку лавандата ја консумирате орално, таа може да предизвика поспаност во комбинација со други лекови, како антидепресиви и слично.

Погледнете ја и оваа античка техника за дишење која ќе ви помогне да се ослободите од симптомите на анксиозност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар