Како да го дешифрирате кодот на мажите?

Како да го дешифрирате кодот на мажите?

Митот дека мажите немаат емоции создава огромни проблеми во врските. Дафне Роуз Кингма, авторот на книгата „The Men We Never Knew“ објаснува:

„Ние ги осудуваме мажите како пол без емоции, а со тоа кажуваме и дека сме се откажале од нив. Поради начинот на кој момчињата се социјализираат, нивната способност да се справат со емоциите е систематски потиснувана. Мажите се учат, чекор по чекор, да не чувствуваат, да не плачат и да не наоѓаат зборови за изразување.“

Како да го дешифрирате кодот на мажите?

Само затоа што мажите не се најдобри во искажувањето на нивните чувства, немојте да помислите дека тие ништо не чувствуваат. Многу пати мажите ги изразуваат своите чувства со помош на таен код – код кој дури ни тие самите не можат да го дешифрираат. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за кодот на мажите, продолжете со читање…

1. Мажите можат да претворат едно чувство во друго – Мажите имаат способност да претворат дел од оние чувства кои се сметаат за стереотипни женски чувства како тагата и ранливоста во чувства на гнев и гордост, бидејќи тие се поприфатливи за нив.

2. Мажите можат да ги префрлат своите чувства од една во друга област – Мажите понекогаш можат да ги искажат своите чувства само на оние места каде што се чувствуваат безбедно и каде што искажувањето на тие чувства е социјално прифатливо. Едноставно погледнете како мажите се однесуваат на спортските натпревари каде што воопшто не е несоодветно да ги искажат нивните длабоки чувства на тага или задоволство. Но, доколку ги одведете истите тие луѓе на друго место, нема никогаш да можете овие силни емоции повторно да ги извлечете од нив.

3. Мажите можат физички да ги доживуваат своите чувства – Многу често тие чувствуваат емоции преку главоболките. Всушност, сигурно познавате маж кој редовно го заболува глава само за време на викендите или пак, кој се разболува само за време на одморот. Но, зошто се случува ова? Мажите додека работат целосно ги исклучуваат своите емоции, но кога ја немаат работата пред себе, нивните чувства излегуваат на површина и можат да се манифестираат преку физички симптоми.

4. За мажите постојат двојни стандарди при искажувањето на своите емоции – И покрај тоа што мажите не секогаш знаат што чувствуваат, едно нешто е сигурно, за искажувањето на нивните чувства постојат двојни стандарди. Од нив се бара да ги искажат нивните чувства, но кога тоа конечно ќе го сторат, нивните партнери знаат да се исплашат. Жените бараат од мажите да ги искажуваат нивните чувства, но само одредени чувства и во дози во кои тие можат да ги поднесат. Токму овие ситуации дополнително ги комплицираат нивните начини на искажување на чувствата.

5. Чувствата на мажите можат одеднаш да се појават и да изненадат – Најголем дел од проблемот за некои мажи е што ги притискаат нивните чувства толку долго што кога конечно ќе испливаат на површината, тие едноставно не знаат како да се справат со нив. Токму овие непланирани и неочекувани емоции можат многу сериозно да влијаат врз луѓето околу нив.

На кратко, мажите можат да чувствуваат интензивни емоции исто како и жените, но им недостасува тренинг и поддршка за да можат да ја најдат смислата на овие чувства и токму затоа имаат само еден избор, а тој е да ги закопаат уште подлабоко. Тие се заробени во процесот на социјализација каде што им се кажува дека не е мажествено да се плаче, да се биде повреден или да се изразат какви било силни емоции и токму ова ги спречува да можат целосно да го живеат својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар