Како да ги употребите тапите од вино?

Дали знаете дека тапите од вино не скапуваат? Освен тоа, тие се толку лесни и интересни по облик и текстура, па наредниот пат кога ќе пиете вино не мора да ги фрлате во корпа за ѓубре. Следниве идеи се одлични ако имате многу тапи и ги чувате во некоја кутија. Еве како да ги искористите.

Како да ги употребите тапите од вино?

Палење оган

Намокрете ја тапата со алкохол и ставете неколку такви тапи во камин под стари хартии. Запалете ги тапите со рачна запалка и огнот брзо ќе почне да гори.

Заштита на алатите

Во тапата направете дупка. Тапата ставете ја на врвот на острите алати за да ја заштитите нивната острина, но и вашата безбедност.

Шкрипење на врати од ормани

Од тапата исечете мало тркалце и залепете го на внатрешниот агол од вратичката од орманот кој шкрипи.

Работна површина

Како да ги употребите тапите од вино?

Ако имате многу тапи кои не сте ги фрлиле, ова е одличен начин да ги искористите. Земете четири штици со должина по ваша желба (зависи колкава работна површина ви треба). Залепете ги штиците за да добиете правоаголен или квадратен облик. Во празнината, ставете ги тапите и лепете ги една до друга, странично. Во празнините во кои не може да се стави цела тапа, исечете делови од тапата и вметнете ги. Така, ќе добиете работна површина во кујната (на која може да ставите жешко тенџере)  или во вашата работилница.

Ѓубриво за почва

Земете неколку тапи, исечете ги или раздробете ги ситно во гранули. Ставете ги во почвата во вашата градина наместо класично ѓубриво.

Сјаен нож

За кујнскиот нож да ви биде сјаен, намачкајте го со средство за чистење и тријте го со тапа, наместо со абразнивно средство. Така, ножот ќе биде сјаен.

Потпирач на врата

Како да ги употребите тапите од вино?

На тапата ставете дебела игла, протнете ја низ тапата и иглата забодете ја во подот, низ дупчињата од паркетот. Тоа ќе спречи удирање на вратата во ѕид.

Држач за лампиони

Како да ги употребите тапите од вино?

Земете го лампионот и на горниот дел протнете  рибарски конец. Со игла, провлечете го рибарскиот конец низ тапата. Од рибарскиот конец направете отвор во кој ќе можете да го закачите лампионот на новогодишната елка.

Лента за остри ножеви

Залепете неколку тапи странично, едно до друго. Лентата со тапи ставете ја во фиоката и поставете ја странично каде што доаѓаат врвовите од ножевите. Така, врвовите на ножевите нема да направат дупка во дрвената фиока и ќе останат остри.

Тапа наместо селотејп

Исечете ја тапата по должина. На исечените парчиња ставете течен лепак и лепете на аглите од вашите постери и други хартиени проекти кои ги поставувате на ѕидот. Цврстината на тапата нема да дозволи да се изместуваат.

Држач за картички

Како да ги употребите тапите од вино?

Ова е многу инвентивен начин за вашата забава, роденден или прослава. На тапата со нож направете странична вдлабнатина, доволно длабока за да се стави картичка. Потоа, ставете ја картичката со соодветни информации на секоја маса.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар