Како да ги претворите вашите грешки во лекции?

Како да ги претворите вашите грешки во лекции?

Праксата е најважниот дел од процесот на учење, бидејќи сè во животот се учи со правење. Можете да прочитате илјадници книги за гитара, да ги научите нејзините делови, да изгледате стотици видеа со часови по гитара, но никогаш нема да научите да свирите ако не ја земете гитарата во вашите раце.

Како да ги претворите вашите грешки во лекции?

Размислете за некои од најосновните нешта што сте ги научиле во животот, како одење, возење велосипед, готвење, танцување и слично. Сите овие нешта сте ги научиле поради вашите грешки. Кога прв пат сте почнале да одите, сигурно сте паѓале многу, но наместо тоа да ве обесхрабри, сте станувале и сте пробувале одново. Па, ако преземате нешто и ако направите грешка, нема потреба да се грижите. Грешките се дел од праксата и се случуваат за да учите од нив и да ги користите како учители во следниот обид. Во продолжение погледнете ги 5-те совети кои ќе ви помогнат да ги користите вашите грешки како алатки за подобрување.

Почнете да ги прифаќате вашите недостатоци

Кога ги лажете другите, вие сте лажго. Но кога се лажете себеси вие сте слаб и слеп човек. Секогаш треба да бидете искрени кон себе бидејќи ако почнете да се лажете, не очекувајте да созреете. Почнете да ги прифаќате вашите грешки и недостатоци и преземете одговорност за нив. Оваа навика ќе ви дозволи да ги спознаете вашите грешки и да не ги повторувате.

Претворете ги грешките во алатка за учење

Нема подобар учител од вашите грешки. Секоја грешка има клуч кон вашите недостатоци преку кои можете да влезете во светот на учењето. Грешките се дел од човечката природа и наместо да се демотивирате, би требало да почнете да учите од нив. Ќе сфатите кој дел од вашиот обид ве спречил во успехот. Секоја грешка ќе ве научи на некоја нова лекција, а учењето ќе ве носи поблиску до вашата цел.

Не плашете се од неуспех

Ништо не е совршено, а овде спаѓаат вашите постапки, природа и размислување. Дали мислите дека човекот кој држи најдобри говори отсекогаш го правел тоа толку успешно? Дали мислите дека најдобриот фудбалер на светот веднаш давал голови? Се разбира дека не. Повеќето луѓе не добиваат можност да го вкусат успехот бидејќи идеалниот успех или постигнувањето е мешавина од волја, посветеност и грешки. Па, немојте да се плашите од неуспех и не плашете се да направите грешки. Ако не грешите не сте на вистинскиот пат.

Учете од грешките на другите

Бидејќи вашите грешки не се доволни за да ги научите сите животни лекции, би требало да учите и од туѓите. Повеќето луѓе ја гледаат само успешната страна на познатите, пријателите и роднините, но го испуштаат најважниот дел од нивниот живот – грешките. Можете да учите од грешките на другите и да не ги повторувате. Гледајте и учете од другите, ова ќе ве направи помудри, но и подобри ученици.

Не заглавувајте на вашите грешки

Заглавување на грешка, а потоа чувствување вина за неа е најлошото нешто што можете да го направите. Никогаш не треба да заглавувате во една фаза или обид од вашиот живот. Размислете за грешките како час по пеење. Одите таму, учите, и потоа се враќате дома носејќи ја со себе само лекцијата што сте ја научиле. Треба да се соочите со грешките, да ги научите лекциите, а потоа да продолжите со животот.

Наместо да се плашите од неуспех, почнете да учите од вашите грешки. Учителите можат да ве научат на лекции од туѓи искуства, но лекциите ве учат од вашите искуства.

Погледнете ги и грешките што треба да ги направите што порано во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар