Како да ги претворите кратките безначајни разговори во долги и интересни?

Како да ги претворите кратките безначајни разговори во долги и интересни?

Многу често се случува да се најдеме во ситуација кога не знаеме за што да зборуваме со личноста со која сме во моментот. Тоа не значи дека не сме комуникативни, едноставно таквите разговори се кратки и имаат тенденција брзо да завршат. За среќа, тоа лесно може да го промените.

kako-da-gi-pretvorite-kratkite-beznachajni-razgovori-vo-dolgi-i-interesni-kafepauza.mk

Има повеќе начини да претворите краток муабет во паметен разговор, кој течно ќе го водите и без никаков проблем.

Прашувајте за приказни, не за одговори

Еден од најдобрите начини за да почнете добар разговор е да поставувате отворени прашања, наместо прашања кои имаат кратки одговори.

Наместо да прашувате…

„Како си?“
„Како ти помина денот?“
„Од каде си?“
„Што работиш?“
„Како се викаш?“
„Како ти помина викендот?“

Пробајте со…

„Која е твојата приказна?“
„Што правеше денес?“
„Која е најчудната работа за местото каде што имаш пораснато?“
„Која е најинтересната работа што се случи денес на работа?“
„Што значи твоето име? Што би сакал/а да значи твоето име?“
„Кој ти беше најдобриот дел од викендот?“
„Што сакаш да правиш оваа недела?“
„Ако можеш да се телепортираш некаде, каде би било тоа?“

Не давајте паралелни одговори

Во обид да изгледаат учтиви и љубезни, луѓето често одговараат на прашањата директно повторувајќи ги забелешките на соговорникот.

Паралелен пример:

Личност 1: Прекрасен е денов!
Личност 2: Да, прекрасен е денов!

Со копирање на мислењето од Личност 1, Личност 2 се однесува затворено, а со тоа се парализира разговорот и се пропушта шансата да го продолжи на каков било начин.

Непаралелен пример:

Личност 1: Прекрасен е денов!
Личност 2: Еден од ретките во овој период, повеќе изгледа како да е зима или есен отколку како лето. Би се преселил некаде каде што времето е постојано вакво.

Во овој случај соговорникот има многу начини да го продолжи разговорот и голема е веројатноста тоа да се случи.

Неочекувани одговори

Здодевниот разговор лесно може да се претвори во интересен со одговарање на прашањата на неочекуван начин.

Наместо…

Личност 1: Како патуваше?
Личност 2: Добро патував!

Личност 1: Жешко е денес.
Личност 2: Да, секако дека е жешко.

Личност 1: Што правиш?
Личност 2: Ништо, а ти?

Пробајте…

Личност 1: Како патуваше?
Личност 2: Повеќе би бил заинтригиран за авионска компанија во која картите за лет се базирани на мојата тежина и на мојот IQ.

Личност 1: Жешко е денес.
Личност 2: Да, жешко е во оваа димензија.

Личност 1: Што правиш?
Личност 2: Го туширам кучето кое расфрла бактерии на секој агол.

Запомнете, за разговор се потребни двајца. Вие можете да се обидувате на секој начин да започнете или да го продолжите разговорот, а сепак вашиот соговорник да ви одговара со кратки и брзи одговори. Тоа може да значи дека едноставно не сака да разговара, па затоа доколку тоа се случува, не се обесхрабрувајте и не се сомневајте во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар