Како да ги преживеете наглите промени на времето?

Наглото променување на времето може да предизвика разни проблеми со здравјето, особено кога преминуваме од едно годишно време во друго. По снегот и ниските температури речиси сите нестрпливо ја очекуваат пролетта. Но, често се случува оваа промена да нè „врзе“ за креветот. Скоковите на температурата од висока кон ниска и обратно можат да имаат лошо влијание на крвниот притисок, срцето и циркулацијата. Ова води до разни нарушувања како несоница, главоболки и замор поради кои ќе се чувствувате нервозно. Сепак, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да се справите со овие симптоми.

Како да ги поднесете наглите промени на времето?

1. Следете ја временската прогноза и подгответе го телото

Како што секое утро ја проверувате прогнозата за да знаете што да облечете, потребно е да проверите и дали има најава за драстични разлики помеѓу утринската и дневната температура. На овој начин ќе можете подобро да го подготвите вашето тело. Ако сте метеопат, уште со првата главоболка ќе можете да се напиете апче за болка и да го решите проблемот.

2. Излезете во природа и активирајте се

Која било физичка активност од половина час и повеќе ќе го направи телото поотпорно на временските промени. Уште подобро е ако сте физички активни во природа на чист воздух. Активноста во природа ќе ви помогне да се ослободите од стресот и ќе го намали ризикот од појава на главоболка.

3. Разновидна исхрана полна со витамини

Здравата исхрана богата со овошје и зеленчук е одличен начин да го намалите влијанието на времето на вашето тело. Покрај тоа, важно е да пиете и доволно вода. Експертите советуваат дека е потребно да внесуваме 2 до 3 литри вода дневно.

4. Заменете го кафето со билни чаеви

Билните чаеви влијаат на нервниот систем и ќе ви помогнат да се опуштите. Ова има директно влијание на заморот и раздразливоста кои се последица на променливото време. Па во овие денови наместо кафе, наутро напијте се чај од камилица.

Погледнете ги и овие природни лекови против пролетните алергии.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар