Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.

Како да ги отстраните тврдокорните дамки

Основни правила за поголема ефективност:
  • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
  • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.

Дамки од црвено вино

Доколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.

Како да ги отстраните тврдокорните дамки

Дамки од чоколадо

Најпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.

Дамки од трева (зеленило)

За материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.

Како да ги отстраните тврдокорните дамки

Дамки од крв

Со дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.

Дамки од кафе

Набрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.

Како да ги отстраните тврдокорните дамки

Дамки од мастило

Поставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.

Дамки од масло за готвење

Најпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.

Како да ги отстраните тврдокорните дамки

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. biljana Reply

    ako crveno vino se isturi na tepih odma turete mleko efektot e odlicen!!!!!

  2. Mihaela Reply

    za crveno vino isto vazi i da tries so belo vino, ili pak da ostavis sol da posedi nekoe vreme. mene ednas mi se isturi na tepih i toa mnogu. jas ispaniciv i staviv i beli vino i sol mnogu da posedi na nego. otkako go izvadiv solot so pravosmukalka nemase ni edna crvena damka na tepihot 😉

Остави коментар