Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Очилата за сонце одамна не се „само“ моден додаток и станаа незаобиколен дел од секоја летна комбинација. Квалитетните очила за сонце не служат само за привлекување внимание и за надополнување на изгледот, туку се и неопходна заштита од опасното УВ зрачење. Очите се десет пати почувствителни на УВ зраците отколку кожата, а овие зраци можат и трајно да го оштетат видот.

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

На поголем ризик се изложени луѓето со сини очи бидејќи имаат помалку пигмент, што значи дека се почувствителни на зрачењето. На своите очи можете да им помогнете и со здрава храна. Грашокот, кељот, спанаќот и останатиот лиснат зеленчук содржи лутеин, кој помага во спречувањето штетното сино светло да дојде до позадината на окото.

Кога ќе одбирате очила имајте го превид следново:

УВ заштита

Препорачливо е да купите очила од познат произведувач кои пружаaт вистинска УВ заштита од сонцето. Изберете модел на кој пишува 99% или 100% заштита. Само тие навистина штитат.

Нека бидат темни

Ако се погледнете во огледало и низ стаклата ги гледате своите очи, тогаш тие нема доволно да ја блокираат светлината. Полупроѕирните очила не ни изгледаат добро.

Важна е рамката

Очилата не треба да ви паѓаат, туку да стојат цврсто дури и кога ја мрдате главата.

Купете ги од оптика

Наместо на улица, купете очила во оптика. Така ќе добиете совет од стручњак, а тој ќе ви помогне и да изберете модел кој ги следи цртите на вашето лице. Секогаш барајте рамка која ја следи линијата на веѓите.

За да не погрешите во изборот на формата на очилата, прочитајте кои најдобро ќе ви стојат, според обликот на вашето лице.

Срце

Да: мачкести и заоблени очила

Не: премногу декоративни очила
Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Правоаголник

Да: големи очила и прилепени за лицето

Не: премногу кратки очила во однос на лицето

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Овал

Да: секој вид очила добро стои на овално лице

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Квадрат

Да: кружни, овални и очила со облик на мачкини очи

Не: премногу остри геометриски облици

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Круг

Да: широки, правоаголни очила

Не: кружни очила, дебели рамки во боја

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Слични правила при изборот на очила за сонце според обликот на лицето, важат и за мажите.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар