Како да ги носите зимските парчиња облека и во текот на пролетта?

Кога се ближи крајот на зимата, најмногу ни е жал за сите оние парчиња облека во кои сме уживале за време на оваа сезона. Да, звучи парадоксално, бидејќи на почетокот ни беше тешко да се навикнеме на сите тие јакни, капути, џемпери и чизми, а сигурно и вам ви е сега жал што мора да ги „спакувате“ до наредната зима. Но, предноста на преодните зони, како што се пролетта и есента, ја имаат таа одлична „црта“ во себе, бидејќи можете да го носите целиот гардеробер, од зимски па сѐ до летни парчиња облека. А еве како да ги носите зимските парчиња облека во текот на пролетта.

0-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_

1. Немојте сѐ уште да ги соблекувате џемперите и да ги пакувате до наредната зима, туку комбинирајте ги со фармерки, кожни хеланки или некои полесни јакни, односно погрижете се тие да бидат главното парче во целата комбинација која сигурно ќе изгледа одлично во текот на еден пролетен ден. Но, и кога навечер ќе застуди, џемперите ќе бидат одлични, бидејќи не само што ќе изгледате стилизирано, туку и ќе се чувствувате топло и удобно.

1-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_ 2-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_

2. Секако, чизмите се дел од обувките кои ниту една девојка нема лесно да ги остави во својот гардеробер – знаеме дека повеќето од нив ги носат сѐ до последниот момент. Но до тогаш, носете ги со сѐ. Сведените и лежерни модни комбинации надополнете ги со повисоки чизми или чизми до глуждовите или пак, носете ги во елегантни комбинации, поточно со фустани што секоја девојка сака да ги понесе кога ќе излезат првите топли сончеви зраци. Затоа, ова се сигурно обувките кои уште долго ќе останат во игра, бидејќи секоја модна комбинација ја надополнуваат на еден доста модерен и атрактивен начин.

3-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_ 4-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_

3. Иако зимата наскоро заминува, како календарски, така и според температурите, сепак правилото за слоевито облекување би требало да се задржи и во текот на пролетта. Слоевите нека бидат помали, а парчињата облека потенки – ова е најдобриот начин да создадете тренди модна комбинација. Слоевитоста е нешто што ви помага да изгледате одлично и кога треба да одите на свечен настан, и кога ќе одите на кафе со пријателките или пак, едноставно ви е потребна сосема лежерна модна комбинација.

5-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_ 6-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_
Продолжете на следната страна за да ги видите и останатите зимски парчиња облека кои се одлични за во пролет.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар