Како да ги навикнете новите чевли на вашите стапала?

Најчесто, секој пар нови чевли кои ќе ги купите, ви создаваат болки на стапалата. Ова се неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги прескокнете болките и веднаш да уживате во своите нови чевли.

Како да ги навикнете новите чевли на вашите стапала

Носете ги по дома

Овој совет сите го знаеме уште од мали. Најдобро е да ги носите чевлите со уште еден пар чорапи за тие побрзо да се пуштат и да не ве стегаат. Покрај тоа, дополнителниот пар чорапи ќе ви помогне да ги заштитите нозете од појавата на плускавци.

Наполнете ги кондурите со крпи

Можеби звучи чудно, но овој трик навистина е успешен. Кога не ги носите наполнете ги со постари крпи за малку да се растегнат и рашират. Ова е исто така одличен начин, кондурите да ви останат во првобитниот облик.

Испрскајте ги чизмите со мешавина од вода и алкохол

Во прскалка направете мешавина од вода и алкохол во сооднос пола-пола. Со неа испрскајте ја внатрешноста на кондурите. Ова е најдобро за кондури кои се произведени од кожа.

Дувајте ги со фен

Дувајте ја внатрешноста на кондурите со фен пуштен на силна температура, околу половина минута и потоа поносете ги малку да се рашират. Можете да ја повторите постапката неколку пати.

Замрзнете ги

Земете стари весници, стуткајте повеќе листови и убаво пополнете ја внатрешноста на кондурите (како што се пополнети во продавниците). Потоа, ставете ги обувките во една кеса и пикнете ги во замрзнувач. После ден-два извадете ги.

Однесете ги на кондураџија

Доколку сè уште не можете целосно да уживате во новите чевли бидејќи ви предизвикуваат болки во стапалата, тогаш време е да ги однесете кај професионалец, а тој ќе знае што да им стори за да ви бидат покомотни. Тој ќе ги постави на соодветен калап и откако ќе постојат одреден период, веднаш ќе ја почувствувате разликата.

Доколку и покрај сè не успеете да се навикнете на вашите нови обувки, имајте на ум дека секој пар чевли е приказна за себе. Сè зависи од материјалот од кој се направени, па неретко за да се навикнете на нив може да биде потребно и еден месец интензивно носење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар