Како да ги искористите здравствените придобивки на зелениот чај за поубава и посјајна кожа?

Како да ги искористите здравствените придобивки на зелениот чај за поубава и посјајна кожа?

Зелениот чај е богат извор на антиоксиданси, па поради тоа е совршен производ за одржување на здравјето на кожата. На почетокот, зелениот чај бил многу популарен во Кина и се користел за лекување на сите видови главоболки и депресија. Денес се користи за многу работи, најмногу поради своите бројни здравствени предности.

1-korisni-metodi-za-ubavina-na-kozhata-so-pomosh-na-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_

Освен здравствените предности, зелениот чај има и низа добри работи кога е во прашање кожата и телото. Зелениот чај ќе ви помогне да ја подмладите кожата, а може да се користи и за лекување рани и кожни болести. Делува како природен тонер, помага при извлекување на нечистотиите, ги намалува порите и ѝ дава сјај на кожата. Денес избравме неколку методи кои без проблем можете да ги користите и да ги направите дома, бидејќи ви се потребни многу малку состојки. Главната состојка е секако – зелениот чај.

1. Маска за лице

Исечете две вреќички зелен чај и во посебен сад ставете ја содржината. Измешајте ја со 1-2 лажици мед и малку лимонов сок. Нанесете на вашето лице и оставете да делува 5-10 минути. Измијте со млака вода. Користете ја маската еднаш до двапати неделно.

2. Третман за уморни очи и подочници

Ставете две вреќички зелен чај во фрижидер на 30 минути. Студените вреќички чај ставете ги на капаците. Седнете и опуштете се на 15 минути. Користете ја оваа метода два пати дневно, додека не ги добиете задоволувачките резултати.

2-korisni-metodi-za-ubavina-na-kozhata-so-pomosh-na-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_

3. Акни и мозолчиња

Ставете 1 лажица чај во 60 милилитри вода. Земете тупфер и намокрете го во мешавината, па нанесете го на ризичната област. Измијте со студена вода. Повторете ја постапката барем два пати дневно.

4. Третман за раст на косата

После миењето на косата, измијте ја со свежо подготвен зелен чај. Оставете ја да отстои 10 минути, а потоа измијте ја со студена вода. Правете го тоа барем 2-3 пати неделно, во период од неколку месеци.

3-korisni-metodi-za-ubavina-na-kozhata-so-pomosh-na-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_

5. Пилинг за лице

Измешајте една лажица зелен чај, една лажица шеќер, 60 милилитри маслиново масло и две лажици мед. Нанесете на чисто и суво лице, со кружни движења. Измијте со топла вода.

6. Зелен чај, мед и јогурт за пори

Измешајте една лажица зелен чај, една до две лажици павлака и малку мед. Размачкајте ја маската на лицето. Оставете да делува 15 минути и потоа измијте ја.

Доколку се одлучите и да го консумирате, погледнете кои здравствени придобивки ги има зелениот чај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар