Како да бидете посреќни во новата година ако 2017-та ви била навистина тешка?

На 2017-та полека, но сигурно ѝ се ближи крајот. Кога ќе се разбудите на 1-ви јануари навистина ќе размислувате за изминатите 365 денови, за работите кои ви се случиле и за тоа како сте се промениле. Можеби 2017-та не била вашата година, но тоа не мора да важи и за следната. Погледнете како 2018-та да ја направите една од најдобрите години во вашиот живот.

kako-da-bidte-posrekjni-vo-novata-godina-ako-2017-ta-vi-bila-navistina-teshka-kafepauza.mk

1. Бидете благодарни и за најмалите работите

Иако во 2017-та речиси сите бевме опкружени со страшни и трагични настани, важно е да сфатите дека има многу добри работи во животот. А кога ќе го отворите срцето кон нив, не е толку тешко да ги забележите. Најдобро е да си напишете писмо до вашето поранешно јас и да ги подредите работите кои сте ги стекнале, како сте созреале и да кажете за што сте благодарни.

Ова ќе ви помогне да добиете пореална перспектива за вашиот живот. Како што минува годината, нека ви стане навика да ги набројувате работите за кои сте благодарни. Ова можете да го правите еднаш месечно, еднаш неделно, па дури и секој ден. Потсетувајте се дека колку и да се мали, сепак има причини за да се насмеете.

2. Обидете се да го промените светот

2017-та дефинитивно беше повик за будење на човештвото. Иако имаме направено некаков напредок, сепак со секој чекор напред се враќаме два наназад. Има уште толку многу што треба да се направи, а секој од нас е барем делумно одговорен за светот во кој живееме. Размислете за нешто што ве трогнало, што ве направило гневни, без разлика дали се политички проблеми, природни катастрофи, па дури и трагедии.

Станете политички активни, собирајте донации, испратете им позитивни писма на луѓето кои страдаат… Со цел да направите промена запрашајте се која е вашата улога и почнете да делувате, без разлика колку безначајни ви изгледаат вашите активности.

3. Фокусирајте се на вашата страст

Без разлика дали сонот ви е да станете познат изведувач или да поминете тежок семестар, секој од вас треба да се бори за остварувањето на овие цели. Многу често она за коешто сте страсни предизвикува чувство на среќа. Страста е една од најголемите сили која нè полни со енергија и среќа.

Можеби е полесно да се фокусирате на негативното во животот, но обидете се да не го правите тоа. Инвестирајте во вашите интереси, барајте ново хоби, правете нешто што ќе ви донесе незаборавни искуства.

4. Бидете реални за вашата врска со социјалните мрежи

Зависноста од социјалните мрежи не е единственото нешто кое е лошо. Докажано е дека кога постојано се споредуваме со животите кои другите ги претставуваат овде, често се чувствуваме лошо за себе. Истражување од 2013 година покажало дека користењето на Фејсбук е директно поврзано со помало животно задоволство.

Друго истражување од 2017-та пак покажало дека прекумерното изложување на социјални мрежи често води до социјална изолација во реалниот живот. Нека 2018-та биде годината во која ќе си го вратите вистинскиот живот.

5. Движете се почесто

Вежбањето очигледно е одлична цел за подобро здравје, но дали знаевте дека тоа исто така го подобрува и вашето расположение? Нема потреба да поминувате часови во теретана, доволно се 20 минути дневно за да го подобрите расположението.

За само 6 недели, вежбањето го зголемува производството на допамин, а ова го подобрува вашето расположение и вашиот ментален перформанс. Вежбањето исто така го намалува стресот, како и ризикот од депресија.

6. Одвојте време за медитирање и рефлектирање на вашите чувства

Еден од најдобрите начини да надминете негативен период е да станете свесни за тоа како навистина се чувствувате. Разбирањето на вашите емоции ќе ви помогне да се справите со многу разни ситуации. Ако сметате дека не можете да медитирате, имајте на ум дека не секој го може тоа. Симнете некоја апликација и одвојте 10-тина минути дневно бидејќи тоа навистина ќе ви помогне.

7. Оддалечете се од сите што ве прават несреќни

Во 2018-та година немојте да се плашите да застанете на своја страна, бидејќи понекогаш проблемот не сте вие, туку другите. Ако се опкружите со негативни луѓе или луѓе кои постојано ве критикуваат и искористуваат, време е да се откажете од нив.

Токсичните луѓе многу често се грижат само за нив, а вие на крај ќе останете фрустрирани, па дури и гневни. Не си дозволувајте да ве искористуваат и да давате без да добивате нешто за возраст. Вашето време и енергија се потребни за вашиот живот.

Обидете се и да направите листа која ќе ви помогне 2018-та да стане најдобрата година од вашиот живот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар