Како да бидете најстилизираната девојка на работното место?

Како да бидете најстилизираната девојка на работното место?

Дневните работни комбинации бараат големо внимание, особено ако на вашето работно место постои пропишан код за облекување, но тоа не значи дека треба да изгледате здодевно и нестилизирано. Затоа денес ви претставуваме неколку интересни и пред сè модерни дневни комбинации, кои ќе ви помогнат да станете најстилизираната девојка на работното место.

1-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk_

1. Освежете го својот класичен работен стил со трошка боја или со впечатливи аксесоари во боја на злато.

1-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk

2. Не плашете се еднобојниот црн, летен фустан да го надополните со сако со интересен принт, кое на вашиот целокупен изглед ќе му ја даде потребната впечатливост.

2-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk

3. Изгледајте како модерна парижанка во дневна комбинација со пастелни тонови, во која ќе вклопите впечатливи аксесоари во неутрални бои.

3-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk

4. Модерните принтови во дневните комбинации, како што се оние на здолништата и панталоните, може одлично да се вклопат со класични блузи и кошули. Така тие претставуваат идеална комбинација за секоја работна варијанта.

4-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk

5. Ретро стилот, исто така може да биде одличен избор за секоја работна прилика, па не плашете се романтичните кроеви во пастелни бои да ги комбинирате со аксесоари во ретро стил, како што се на пример преслатките очила за сонце.

5-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk

6. Бидете креативни кога станува збор за изборот на дневни комбинации, бидејќи тоа е патот за да станете најстилизираната девојка на работното место. Така, на пример, блузите со интересен принт вклопете ги со шорцеви или здолниште, а изгледот надополнете го со впечатливо ланче и стилски чевли со висока пета.

6-kako-da-bidete-najstiliziranata-devojka-na-rabotnoto-mesto-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар