Како да бидете добар обучувач?

Како да бидете добар обучувач?

Да се спроведе квалитетна обука не е воопшто лесна работа. Учесниците очекуваат да научат многу од предавањата, а вие не сте сигурни дали ќе успеете да направите сè што е потребно за да ги задоволите нивните потреби, а и своите како обучувач. Затоа облечете нешто удобно, однесувајте се природно и секогаш потпирајте се на следниве техники, кои се од круцијално значење за успешноста на вашето предавање.Како да бидете добар обучувач?.

  • Пред да започне обуката:

Направете копии од материјалот за сите учесници

Обезбедувањето материјали за присутните, пред започнувањето на обуката, е многу важно за успешноста на истата. Учесниците ќе можат многу полесно да го следат предавањето доколку им поделите печатени копии од вашата PowerPoint презентација. Исто така, под или до секој слајд оставете простор за фаќање белешки, каде што учесниците ќе можат да забележуваат некои додатни информации кои ќе ги „уловат“ додека зборувате.
Како да бидете добар обучувач?Бидете подготвени 30 минути порано

Вклучете го лаптопот, наместете го проекторот, поделете ги копиите и направете ги сите потребни подготовки 30 минути пред да започне обуката. На тој начин, учесниците нема да треба да ве чекаат да започнете со предавањето и да разговараат меѓусебно, што е минус за вас, а и негативно ќе се одрази врз нивната концентрација.
Како да бидете добар обучувач? После 15 минути непрестајно зборување, устата ќе ви биде сува како Сахара. За да не се случи тоа, имајте постојано чаша вода пред вас и поделете неколку шишиња вода и пластични чаши на масите за сите останати луѓе.

Прашајте ги учесниците какви им се очекувањата

Неколку дена пред да ја одржите обуката, пратете им имејл на сите учесници во кој ќе ги прашате што очекуваат да научат на предавањата. Нивните одговори може да ви бидат добра насока во подготовката на работниот материјал.
Како да бидете добар обучувач?Краток тест за ефикасна обука

Најдете соработник кој ќе им поставува кратки прашања на учесниците во текот на обуката, а кои се во врска со содржината која се предава. Врз основа на одговорите кои ги собрал вашиот колега, ќе дознаете колкави познавања имаат присутните членови на темата и во таа насока ќе го определите нивото на кое треба да предавате.
.

  • Во текот на обуката:

Мобилни исклучени, лаптопи затворени!

Вниманието на учесниците е најбитно за вашата презентација. За да не се случи некој од нив да пишува смс, да зборува на телефон или да испраќа имејл, понесете една кутија во салата и замолете ги сите да ги исклучат мобилните телефони и да ги остават во неа во текот на часот.

Давајте им паузи

Без разлика колку и да мислите дека е интересна вашата презентација, не можете да очекувате дека некој ќе го држи концентрација да ве слуша два часа без престан. Ако ви е навистина битно учесниците да научат нешто на вашите предавања, давајте им пауза после секои 45 минути предавање. 15 минути е сосема доволно време за да се освежат, да се напијат кафе, да отидат до тоалет и да ги проверат телефоните.
Како да бидете добар обучувач?Направете го часот интерактивен

Секогаш давајте им можност на учесниците да партиципираат во текот на предавањето. Кога некој од нив ќе постави прашање, веднаш дадете му кратко објаснување, за да продолжи активно да следи што зборувате. Одложувањето на одговорот за крајот на часот, не би било од полза.
.

  • По завршувањето на обуката:

Спроведете евалуација

Поделете им копии со прашања на сите присутни, во врска со нивните впечатоци од спроведената обука. Тоа не мора да биде нешто премногу долго, но знаењето колку учесниците се (не) задоволни од вашата обука, ќе ви помогне да ги коригирате грешките и да го усовршите материјалот за во иднина.
Како да бидете добар обучувач?Обезбедете им електронска копија од материјалот

И покрај тоа што на почетокот на обуката на учесниците им поделивте „тврди“ копии од материјалот, во денешно време луѓето сакаат сè да имаат и во електронски облик. Соберете ги имејл адресите на сите партиципанти и испратете им ја презентацијата по завршувањето на предавањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар