Како да бидете човек од акција?

Како да бидете човек од акција?

Автор: Калин Бабушку

Некои работи, за да може да се направат или да се променат, потребно е да се преземат активности. Многу ретко работите се случуваат сами по себе, но и да се случат, не биле сами по себе.

1-kako-da-bidete-chovek-od-akcija-kafepauza.mk

 

„Многу одамна дојдов до сознание дека луѓето кои постигнуваат успех ретко седат со скрстени раце и дозволуваат нештата да им се случат. Тие одат и им се случуваат на нештата.“ – Леонардо да Винчи

Но преземањето активности и акција не е секогаш лесно и брзо! И само поради тоа, многу ретко знаеме да преземеме акција и работата да ја завршиме до крај. Сакаме, но бидејќи поголемиот број од нас не се луѓе од акција, работите остануваат недовршени. И тоа е за работи во секој сегмент од нашиот живот (работа, дома, опкружување, итн.)

Еве ви неколку совети како да станете човек од акција и како работите да ја видат светлината на денот:

ГОЛЕМИ очекувања наспроти МАЛИ резултати – Најчесто не ги завршуваме работите затоа што си поставуваме високи цели и имаме големи очекувања. Штом целите и очекуваните резултати се поставени, гледајте да ги доведувате до најмала можна остварлива работа. Кога се сведени на помали резултати, полесно е да се остварат. Мали резултати водат кон остварување на голема цел.

To do листа – Секоја вечер имајте ваква листа со приоритетни работи. Немојте да претерувате со приоритетни работи затоа што секој од нас може да заврши (квалитетно) максимум 7 -11 приоритетни работи во текот на целиот ден (не се смета периодот кога спиеме).

Менаџирање со време – Само со добро менаџирање во времето можете да бидете човек од акција. Сите тие на кои им недостасува по некоја минута, нормално е што не се од акција и имаат отпор кон тоа. Па, немаат време.

Визуализирање на работите – Ако не можете да ги визуализирате резултатите и работите кои треба да ги направите, нормално е да не ги направите. Ако немате способност да ги визуализирате, ќе ви биде тешко да ги разберете.

Фокусирајте се на КАКО, а не на ШТО АКО – „Што ако“ може да ви одземе многу време (часови, месеци, години) додека дојдете до заклучок, а и мозокот ќе ви се измори. Наместо тоа фокусирајте се на тоа како да направите некоја работа или решите некој проблем. Направете истражување, ако треба, но фокусирајте се на тоа КАКО да ја завршите работата.

Ентузијазам и позитивен поглед на работите – Имајте позитивна енергија и мисли дека со извршување на работите или преземање на акцијата правите некои промени коишто позитивно може да се одразат на вас, вашите најблиски и вашето опкружување. Кога ги правите работите, правете ги со ентузијазам и со позитивна енергија.

Не се откажувајте – За работите што ги правите не секогаш ќе имате поддршка. Тоа не значи дека не ги работите добро или дека не треба да ги работите. Поголемиот број луѓе се без акција како што сте биле и вие, па им треба време да се променат.

Дополнително на ова, доколку нешто ви пречи или мислите дека треба да се промени или подобри, преземете акција. Бидете иницијатор и немојте да губите надеж. Правејќи ги работите за себе, ги правите и за другите.

kako-da-bidete-chovek-od-akcija-kafepauza.mk

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар