Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

Доколку уште не знаете како да се справите со мрсната коса, време е за промена! Ви нудиме осум неверојатни совети и трикови што краткотрајно и долготрајно ќе ви помогнат да ја поправите состојбата на вашата коса.

kako-brzo-i-lesno-da-se-spravite-so-mrsnata-kosa-kafepauza.mk

Краткотрајни решенија:

1. Сув шампон

Дури и да немате мрсна коса, секогаш имајте сув шампон при рака. Многу е практичен и ефективен. Кога и да имате потреба, нанесете од сувиот шампон на корените, на далечина од 30-на сантиметри. Секако, не претерувајте бидејќи може да се добие спротивен ефект. Откога ќе го нанесете, убаво и внимателно исчешлајте ја косата и спремни сте!

2. Бебешка пудра

1-kako-brzo-i-lesno-da-se-spravite-so-mrsnata-kosa-kafepauza.mk_

Доколку имате важен состанок, а косата ви е сѐ уште мрсна, не паничете, поправете ја со малку бебешка пудра. Бебешката пудра е одлична замена за сувиот шампон. Ова претставува краткотрајно и лесно решение за итни ситуации.

3. Тоалетна хартија

Доколку немате ниту сув шампон, ниту бебешка пудра, има уште едно решение – тоалетна хартија. Со помош на тоалетна хартија, впијте ја маснотијата од најкритичните делови. Доколку имате погуста коса, поделете ја на четири или шест дела и секој дел замотајте го во тоалетна хартија, како што тоа се прави при шатирање со фолија. Не е долготрајно решение, но секако ќе помогне кога немате друг избор!

Долготрајни решенија:

Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

1. Не мијте ја косата многу често

Не мора да значи дека мрсната коса мора да ја миете секој ден. Верувале или не, честото миење на косата, всушност води кон зголемена маснотија, како компензација за природните масла кои вие ги измивате. Потрудете се да ја миете косата барем секој втор ден.

2. Не ставајте кондиционер на корените

Масен скалп, а суви врвови? Наредниот пат кондиционерот нанесете го на крајните 3/4 од косата. На овој начин, најсувите делови соодветно ќе се потхранат. Ова може да направи голема разлика во изгледот на косата.

Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

3. Мијте ја косата темелно

Понекогаш, кога брзаме, не успеваме целосно да ги измиеме шампонот и кондиционерот. Доколку еден ден по миењето, еден дел од вашата коса, сѐ уште изгледа влажно, веројатно не сте биле темелни во миењето. Плакнете ја косата минимум 45 секунди. Кога е можно, правете го тоа со млака вода бидејќи жешката вода ги стимулира лојните жлезди и може да доведе до повеќе маснотија.

4. Шампон за длабински третман

Иако поминувате долго време плакнејќи го шампонот, има продукти кои сепак оставаат траги на косата, со што доаѓа до таложење на дополнителни маснотии. Затоа, најмалку два пати во месецот, нанесувајте шампон за длабинско чистење, кој ќе ви помогне во нивното отстранување.

5. Рацете подалеку од косата

За крај, рацете подалеку од косата! Секако, сите сме навикнати да го правиме тоа, но колку повеќе ја фаќате со раце, толку повеќе маснотии и нечистотии се создаваат. Затоа, заборавете на таа навика и потрудете се да се занимавате со нешто друго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар