Кафе, сол и кокосово масло: Комбинација која ќе го реши вашиот најголем проблем

Кафе, сол и кокосово масло: Комбинација која ќе го реши вашиот најголем проблем

Целулитот е еден од најздодевните женски непријатели кој може да се најде на скоро секоја жена во светот. Со доаѓањето на топлите температури и откривањето на вашите нозе, овој проблем станува уште поголем. Па, доколку сакате лесно да се справите со целулитот и да го направите што е можно поневидлив додека отидете на плажа, тогаш погледнете го овој одличен рецепт кој брзо делува.

Кафе, сол и кокосово масло: Комбинација која ќе го реши вашиот најголем проблем

Тој е едноставен за подготовка и ви се потребни само 3 состојки: мелено кафе, сол и кокосово масло. Во еден сад додајте 10 грама мелено кафе, 6 лажички кокосово масло и 3 лажички сол. Измешајте ги добро состојките. Пред да влезете да се туширате, со помош на четка од природни влакна, тријте на површината каде што имате целулит со цел да ја подобрите циркулацијата и да ја подготвите кожата да ги впие состојките од пилингот.

За време на туширањето, кога вашата кожа ќе биде намокрена, со кружни движења нанесете го лосионот. Колку подолго масирате, толку поголем ефект ќе забележите. Кофеинот од кафето ќе ја забрза вашата циркулација и значително ќе ја затегне вашата кожа, зрнцата сол ќе ви направат одличен пилинг, додека пак кокосовото масло ќе ја нахрани и омекне.

Покрај овој домашен лосион против целулит, многу ќе ви помогне доколку почнете да вежбате и да пиете големо количество вода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар