Јога за внатрешен мир: 12 пози со кои ќе ја намалите тагата

Роши Џоан Халифакс кој поминал 45 години работејќи со смртта и умирањето, смета дека најголемиот проблем во денешното општество е што не ја искажуваме нашата тага. Страв ни е да се чувствуваме тажно, па веднаш го прикриваме тоа чувство. Наскоро почнуваме да им веруваме на маските кои ги ставаме, па нашето вистинско јас се закопува сè подлабоко.

(13)joga-za-vnatreshen-mir-12-pozi-so-koi-kje-ja-namalite-tagata-kafepauza.mk

Нашето тело знае што е реално, а што не. Па, ако продолжиме да живееме со таа фасада, поврзувањето со другите луѓе нè збунува и на крај стануваме изолирани и неразбрани, наместо прибрани и смирени. Многу е важно да го искажеме она што го чувствуваме, а двата главни начини за тоа се со смеење и плачење. Дозволете си да се исплачете кога сметате дека тоа ви е потребно. Вашите солзи може да бидат од тага, сочувство, па дури и радост. Кога ќе ја тргнете вашата маска, ќе им дадете дозвола и на другите да го направат тоа. А одовде ќе почне вистинската комуникација и конекција.

Кога ги криеме нашите емоции, ние заглавуваме во одбранбен став. Следниве јога вежби ќе ви помогнат да го раздвижите целото ваше тело. Кога ќе вежбате, нема потреба да бидете строги. Ова значи дека не мора секоја поза да ја држите до крај. Важно е да го усогласите вашето дишење со движењето на телото.

1. Планина

(1)joga-za-vnatreshen-mir-12-pozi-so-koi-kje-ja-namalite-tagata-kafepauza.mk

Застанете исправено. Вдишете и кренете ги рацете над вашата глава.

2. Наведнување напред

(2)joga-za-vnatreshen-mir-12-pozi-so-koi-kje-ja-namalite-tagata-kafepauza.mk

Издишете и наведнете се напред. Без да ги виткате колената обидете се да го допрете подот.

3. Исчекор

(3)joga-za-vnatreshen-mir-12-pozi-so-koi-kje-ja-namalite-tagata-kafepauza.mk

Вдишете и исчекорете со едното стапало напред.

4. Куче свртено надолу

(4)joga-za-vnatreshen-mir-12-pozi-so-koi-kje-ja-namalite-tagata-kafepauza.mk

Вратете ја ногата назад, издишете и кренете ги колковите нагоре.

5. Планк

(5)joga-za-vnatreshen-mir-12-pozi-so-koi-kje-ja-namalite-tagata-kafepauza.mk

Вдишете и застанете во планк положба.

Продолжува на следната страница


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар