Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

Јакната е парче облека кое е потребно во повеќето годишни времиња. Речиси секој има повеќе јакни во својот плакар: Потенка за пролетните и есенските денови, модерна, дебела зимска, елегантна и слично. Но, дали сте помислувале некогаш во својот плакар да внесете јакна од „човечко месо“?

Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

Всушност, станува збор за вештачко човечко месо, затоа што пред сѐ тоа би било нелегално, но оваа јакна изгледа доволно реално за сепак да биде ужасна и да ве вознемири. Имено, таа е направена од рачно шиен латекс и силикон, а доколку сакате да ја имате врз себе, треба да одвоите 1.200 долари!

Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

Таа е опишана како неверојатна јакна која со сигурност ќе ве одвои од толпата и ќе ве направи поразлични од другите. Но, не само тоа, туку сигурно доколку излезете облечени со неа, вие ќе се соочите со многу чудни погледи. За целата ситуација уште повеќе да вознемирува, Кајла Арена објаснува дека создавањето на јакната е инспирација од серискиот убиец Ед Геинс кој околу неговата куќа правел објекти со остатоците од неговите жртви.

Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

Покрај јакната од „човечка кожа“, Кајла во својата колекција ја додава и оваа бизарна чанта.

Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

А исто така и овие чизми.

Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

Што мислите вие за јакната и додатоците? Би ги носеле ли на себе?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар