Јадете јаткасти плодови за подобро здравје

Јадете јаткасти плодови за подобро здравје

Јаткастите плодови често може да се најдат на листите со нездрави намирници, но тоа всушност важи кога се обработени, односно пржени, солени или чоколадирани, додека кога се необработени и сирови, тие се одлични за здравјето.
Една студија објавена во „Американското списание за клиничка исхрана“ докажала дека внесувањето на јаткастите плодови во организмот не треба да се ограничува.

Јадете јаткасти плодови за подобро здравје

Луѓето кои секојдневно конзумираат јаткасти плодови или ги конзумираат како замена за друга храна, губат повеќе килограми и имаат потенок струк. Иако не може да се зборува за значајно намалување на килограмите и обемот на струкот, резултатите покажуваат дека овие плодови не дебелеат и се одлични за здравиот крвоток.

Го намалуваат стресот

Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, па така го штитат срцето во периоди на голем стрес, кога тоа е посебно загрозено. Стресот обично доведува до пад на имунитетот, но ќе го одржите доколку јадете бадеми кои се богати со витамини Е, В и магнезиум.

Добри се за срцето

Бадемите, лешниците, кикириките, бразилските, индиските и обичните ореви играат важна улога во намалување на ризикот од срцевите болести. Тоа е затоа што јаткастите плодови можат да го намалат лошиот холестерол. Освен тоа, нудат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, како и влакна кои го штитат срцето. Јаткастите плодови се и богати и со аргинин, аминокиселина која помага вените да останат опуштени.

Се борат против ракот на белите дробови

Исхраната богата со фстаци може донекаде да ве заштити од развој на рак на белите дробови. Според научниците, за ова најзаслужен е гама-токоферолот, тип витамин Е.

Го намалуваат лошиот холестерол

Студија од 2010 година објавена во „Архивата за интерна медицина“ покажува дека со секојдневно внесување на една шолја јаткасти плодови, холестеролот LDL се намалува за 7,4%. Освен тоа, концентрацијата на триглицеридите опаѓа за повеќе од 10%.

Добри се против ракот на простатата

Бразилските ореви се полни со селен и можат да помогнат во борбата против напреден рак на простата, покажала студија спроведена во Холандија. Мажите кои имале високо ниво на селен во крвта имале 60% помалку шанси за добивање напреден рак на простата 17 години подоцна.

За здравје на мозокот

Поради здравите количини на витаминот Е, јаткастите плодови се сметаат за храна за мозокот, односно го спречуваат когнитивното опаѓање кое обично настапува со годините. Особено се препорачува да се јадат кикирики бидејќи обилуваат со витамини од групата Б.

Го јакнат машкото репродуктивно здравје

Две раце ореви на ден го подобруваат квалитетот на спермата земајќи ја предвид виталноста, мобилноста и морфологијата, покажува една студија спроведена на УКЛА.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. mansovacha Reply

    abe se super, samo 700 denari kilo se

Остави коментар