Јадете ги овие прехранбени продукти за да имате мирен сон

Јадете ги овие прехранбени продукти за да имате мирен сон

Откријте кои намирници може да ги јадете пред спиење без да имате грижа на совест, кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете, а кои ќе ја истераат несоницата. Денес голем број луѓе страдаат од несоница. Иако има многу причини зошто луѓето не можат да заспијат или имаат немирен сон, ретко кога се споменува дека храната е клучен фактор.

Јадете ги овие прехранбени продукти за да имате мирен сон

1. Храна која помага полесно да заспиете

Експертите издвојуваат дека намирниците богати со мелатонин ни помагаат да заспиеме. Црешите се богати со мелатонин и тие се совршена ужина за пред спиење. Исто така, мелатонин има и во семките од тиква, кои се богати и со магнезиум, кој пак помага во релаксирање на мускулите. Дополнителна причина за уште повеќе да јадете пуканки е тоа што тие можат да ви помогнат побрзо да запловите во светот на сонот. Пуканките се богати со серотонин, кој го регулира циклусот на спиење.

2. Храна која помага да не се будите во текот на ноќта

Понекогаш не можеме да се наспиеме затоа што се будиме во текот на ноќта. Важно е да бидете хидрирани, но притоа и да не претерате, за да не мора да одите во тоалет. Исто така, легнување со празен стомак не е добар избор. Често се случува да има голем временски интервал помеѓу последниот оброк и легнувањето и потоа луѓето се будат затоа што имаат ниско ниво шеќер во крвта. Пред спиење јадете јаболко со путер од бадеми и тоа ќе ви обезбеди доволно гликоза за цела вечер. Ако стресот е причина да се будите во текот на ноќта, тогаш пред спиење може да јадете кајсии, кои се богати со витамин Ц.

3. Храната како лек против кошмари

На сите ни се случува да доживееме ноќна мора и сите знаеме дека тоа не е воопшто пријатно. Ако сакате да ги избегнете лошите соништа, пред спиење јадете намирници кои се богати со магнезиум, бидејќи е докажано дека магнезиумот во организмот влијае на соништата. Авокадото, кељот и спанаќот се дел од намирниците кои се богати со магнезиум. Пред спиење избегнувајте да јадете сирење, бидејќи сирењето го подигнува нивото на ендорфини, кои ја поттикнуваат нашата имагинација, а тоа може да биде причина за кошмари.

4. Храна за живописни соништа

Од друга страна, ако сакате вашите соништа да се исполнети со голема имагинација тогаш слободно пред спиење консумирајте сирење. Витаминот Б6 исто така помага соништата да бидат поживописни. Туната и бананите се богати со витамин Б6, па ако сакате возбудливи соништа, слободно ставете ги овие намирници на менито за вечера.

5. Храната како лек против ‘рчење

Ако ‘рчите тоа може да биде навистина иритантно за луѓето кои спијат покрај вас, а самите тоа никако не можете да го спречите. Пробајте пред спиење да јадете лимон, портокал или грејпфрут. Овие овошја се богати со витамин Ц кој може да го регулира ‘рчењето.

6. Храна која треба да ја избегнувате пред спиење

Сигурно сте слушнале дека чаша црвено вино ќе ви помогне да заспиете, но сепак не е добра идеја да консумирате алкохол пред спиење. Алкохолот можеби ќе ве успие, но ако сте под негово дејство нема да имате квалитетен сон. Тоа исто така може да биде причина за ‘рчење и немирен сон. Пред спиење треба да се избегнуваат производите богати со кофеин, но и колачите исто така можат да бидат причина за несоница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар