Јаболков оцет: 5 вистини кои мора да ги знаете ако го пиете со цел да ослабите

Јаболков оцет: 5 вистини кои мора да ги знаете ако го пиете со цел да ослабите

Јаболковиот оцет е многу здрав, а се верува и дека помага при слабеењето. Но, колку навистина помага диетата со јаболков оцет? Вистината е дека не постојат цврсти научни докази дека јаболковиот оцет го забрзува метаболизмот, ниту пак дека ги топи маснотиите, односно дека помага при губењето на килограмите. Затоа, пред да почнете да пиете јаболков оцет, прочитајте ги овие пет факти за оваа кисела течност што треба да ги знаете.

Јаболков оцет: 5 вистини кои мора да ги знаете ако го пиете со цел да ослабите

1. Јаболковиот оцет не е најдобар начин за победување на апетитот

Кога јаболковиот оцет ќе го испиете на празен желудник, киселината може да го иритира и така да создаде чувство на ситост. Ако сакате да се чувствувате сити без притоа да имате штетни појави, подобар избор е појадокот богат со протеини. Таквиот појадок ќе ве засити и ќе ви обезбеди повеќе хранливи материи отколку една чаша јаболков оцет.

2. Пиењето јаболков оцет не е природен начин на детоксикација

Вашиот организам има свој природен состав со кој се чисти од токсините, а кој се состои од црн дроб, бубрези и црева. Овие витални органи му помагаат на телото да ги апсорбира хранливите материи, а некорисните да ги елиминира во облик на урина и столица.

3. Јаболковиот оцет може да биде пробиотик

Јаболковиот оцет е дериват од ферментиран сок од јаболко, па исто како и другите ферментирани намирници, може да содржи бактерии кои го подобруваат здравјето на цревата и одржуваат правилно варење. Но, треба да имате предвид дека својства на пробиотик има само непастеризираниот јаболков оцет кој содржи ензими, протеини и споменатите пробиотици. Значи, со пастеризацијата исчезнуваат пробиотичките својства на јаболковиот оцет.

Јаболков оцет: 5 вистини кои мора да ги знаете ако го пиете со цел да ослабите

4. Пиењето премногу јаболков оцет може да биде опасно

Доколку сте одлучиле да ги намалите вишокот килограми со помош на јаболков оцет, не треба да го консумирате во поголеми количини затоа што тој може да го иритира желудникот, штетно влијае на забите и му штети на хранопроводот. Токму поради тоа се препорачува да не се пие на празен желудник.

5. Можеби е покорисно јаболковиот оцет да го јадете, наместо да го пиете

Најдобар начин да го консумирате јаболковиот оцет е како прелив на салата. На овој начин ќе имате најголема корист од него, затоа што за тврдењето дека пиење јаболков оцет помага во слабеењето, не постои цврст научен доказ. Запаметете дека не постојат брзи решенија кога е во прашање трајно губење на тежината. За да постигнете витка линија, треба да научите да живеете здраво.

Сепак, добро е да го имате на дофат во секое време, па затоа погледнете како самите во домашни услови да направите органски јаболков оцет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар