Извадете ги постерите од собата, вашиот идол се крие во огледалото!

Извадете ги постерите од собата, вашиот идол се крие во огледалото!

Ние гледаме некого, неговата работа и живот, па му се восхитуваме, тој е наш идол. Тоа може да бидат нашите родители, некој пријател, професор или пак некоја славна личност. Тоа е добро, но кога се посветувате на нечиј живот, заборавате на вашиот, на она што навистина сте. Оставете другите да ве инспирираат, но работете напорно за да бидете сами свој идол. Гледајте ја својата рефлексија, променете го вашето мислење на подобро и започнете да го контролирате вашиот живот. Верувајте, ќе бидете посреќни.

1-izvadete-gi-posterite-do-sobata-vashiot-idol-se-krie-vo-ogledaloto-www.kafepauza.mk_

1. Другите нема да успеат за вас. Сакате да станете како Тејлор Свифт? Тоа е супер. Можеби таа е вашиот идол и се обидувате да ја копирате, но запомнете, нејзиниот успех не е ваш. Ниту една позната личност не може да ви помогне да успеете. Сè додека го трошите вашето време за да го следите успехот на другите, губите време за создавање на својот.

2. Вашите цели не се како на другите. Вашиот живот и вашите цели се поразлични од целите на другите луѓе во светот. Зошто да следите нечии стапки? Вашиот пат до успехот е поразличен. Следењето туѓи цели може да ве однесе кон неуспех.

3. Само вие сте одговорни за себе. Лесно е да ги обвините вашите идоли за неуспехот. Можеби тие не биле особено инспирирани таа недела или пак не ви кажале „добро завршена работа“. Но, тоа не е нивна одговорност. Од моментот кога ќе одлучите да бидете свој идол, ќе започнете да се чувствувате одговорно за вашите постапки.

4. Идолите доаѓаат, но и си одат. Понекогаш тие ќе ве разочараат. Па, што ќе правите тогаш? Нема да се напуштите себеси. Потрудете се да станете подобра личност, останатото е само изговори и откажување.

5. И сами можете да станете подобра личност. Очигледно е дека вие сакате да изгледате како некого. Сепак, кога ќе започнете внимателно да се набљудувате, ќе ги забележите сите ваши недостатоци, но и предности и на тој начин ќе го подобрите вашиот живот. Ќе станете горди на себе. Еден ден ќе застанете пред огледалото и ќе бидете благодарни на сето она што сте го постигнале.

6. Нашите погледи за другите се нереални. Еве ја тешката вистина – нашите идоли не се совршени. И тие имаат проблеми и лоши денови. Но, кога ние ги гледаме, тие се совршени, а поради тоа се чувствуваме лошо во врска со себеси. Вие ги знаете сите свои предности и слабости. Знаете дека не сте совршени и тоа е голем чекор пред нив.

2-izvadete-gi-posterite-do-sobata-vashiot-idol-se-krie-vo-ogledaloto-www.kafepauza.mk_

7. Вие сте единствените кои можат да одлучат. На крајот, вие сте оние кои треба да го кажат последниот збор. Вие може да идеализирате некого со години, но тој нема да ви помогне за да ги постигнете вашите цели. Потребно е да се мотивирате самите за да ги одберете најдобрите одлуки за вас.

8. Тоа ја зголемува вашата самодоверба. Кога ќе забележите дека вие сте сопствен херој во вашата приказна, вашата самодоверба ќе се зголеми. Ќе имате чувство како да имате контрола над вашиот живот. Знаете дека успехот е тотално ваш.

9. Искрени сте кон себе. Чудно е колку многу луѓе го губат своето сопствено „јас“ откако ќе се опседнат со некој друг. Како свој идол, потребно е да останете искрени кон себе. Нема потреба да го жртвувате тоа и да се преправате дека сте некој друг. Единствена личност која треба да бидете е онаа која навистина сте.

10. Може да ги инспирирате останатите. Почитта што ја имате кон себе, тешката работа што сте ја завршиле и самодовербата која сте ја добиле може да ги инспирира луѓето околу вас. Најдобар дел е она кога ќе останете верни на себе, па затоа станувате реална инспирација за останатите. Плус, кога другите ќе започнат да ви се восхитуваат, вашата самодоверба ќе се зголеми.

11. Ќе делувате за да ги исполните вашите цели. Ако вие сте единствените кои се заслужни за вашиот успех, тоа ќе направи да делувате за да ги исполните вашите цели. Вие не сакате да го разочарате вашиот идол, односно не сакате да се разочарате себеси. Тој притисок прави да бидете уште поупорни и да продолжите да успевате.

12. Треба да се импресионирате само себеси. Вие многу се трудите, но не можете да ги импресионирате луѓето што сакате да ги импресионирате. Што ќе направите? Ќе се откажете. Но, ако се импресионирате себеси, секоја мала победа ќе биде од големо значење за вас, а вие ќе бидете повеќе мотивирани и среќни.

13. Животот не е натпревар. Да се има други идоли значи постојано да се споредувате со нив. Вие се обидувате да бидете како нив или пак се трудите да бидете подобри од нив. Сè додека учествувате во некој замислен натпревар, нема да напредувате и ќе бидете полни со стрес. Не треба да се споредувате со останатите. Едноставно, направете го она што е најдобро за вас и не споредувајте се со никого. Натпреварувајте се со себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар