Избор на лак за нокти врз основа на…

Автор: Ивана Петковска

Една стара изрека вели: „Можеш да препознаеш дама ако ги погледнеш нејзините раце“. И засекогаш ќе остане така, затоа негувајте ги вашите раце!

Нешто што е секогаш воочливо за туѓите очи се вашите раце и нивната нега. Затоа треба редовно да им правите третман, а меѓу нив е и најзабавниот начин за да направите некаква промена, секако со помош на лакот за нокти. Но, се знае, прво третман, а потоа боја! Ги правиме сите потребни третмани за заноктици, обликување со турпија, полирање, чистење и зацврстување, а потоа доаѓа нанесувањето на лак за нокти.

Избор на лак за нокти врз основа на...

Но, секоја боја на лак не одговара на секоја пригода, сезона или некој елемент што го имате на себе. Затоа ве насочуваме како да направите избор врз основа на следните потреби.

1. Сезона

Како што се менуваат модните трендови во согласност со годишното време, така треба да обрнеме внимание и на бојата на нашите нокти. За пролет се препорачуваат некои посвежи, цветни бои и нијанси, како што се светло розовите. За лето, се препорачуваат некои појаки нијанси на розово, сино, жолто итн. За есен и зима, ги предлагаме оние потешки, односно позатворени темни бои, како темна сина, темна виолетова и бордо.

Избор на лак за нокти врз основа на...

2. Гардероба

Пред да одберете некој лак за нокти, секогаш прво погледнете во вашиот шкаф. Многу е важно да забележите која боја најчесто доминира во вашиот орман, па според тоа да се ориентирате при изборот на бојата.

Избор на лак за нокти врз основа на...

3. Кармин

Уште еден многу важен фактор за избор на вашиот лак, е бојата на вашиот кармин. Тоа е тренд што во последниот период е многу следен од многу познати личности, а воедно и од сите нас.

Избор на лак за нокти врз основа на...

4. Прилика

Многу е важно да ја „обоите“ приликата, односно да знаете дека во секоја пригода треба да обрнете внимание и на бојата на вашите нокти. За деловен состанок, секогаш преферирајте да избирате неутрални и бледи нијанси на бои, за љубовен состанок или вечера со пријателките користете посмели нијанси, додека за вечерен настан можете да одберете поинтензивни и потемни бои. Црвената боја на нокти, одговара на секоја прилика.

Избор на лак за нокти врз основа на...

5. Тенот на вашата кожа

Кога станува збор за добро усогласување на бојата на вашиот лак со гардеробата, приликата, сезоната или карминот, прилагодувањето на лакот кон тенот на вашата кожа е уште еден битен фактор кој овозможува истакнување на природната убавина на вашите раце.

За светол тен се препорачуваат светло црвени нијанси, за средно светол тен се препорачуваат темно бургунди или нијанси на вино. За потемен или средно темен тен на кожата се избираат портокалово-црвени, кадифени или златни нијанси, додека за темен тен ви предложуваме да одберете силни цветни, темно сини или сребрени нијанси.

Избор на лак за нокти врз основа на...

Исто така, внимавајте на начинот на кој го чувате вашиот лак, секогаш гледајте да биде на суво и ладно место во исправена положба.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар