Избегнете ги овие 5 грешки за да направите совршена кајгана

Избегнете ги овие 5 грешки за да направите совршена кајгана

Кајганата веројатно е едно од јадењата кои најчесто ги консумирате или барем едно од првите кои сте ги научиле како се готват. Рецептот е премногу едноставен, но и тој во себе си крие некои мали тајни со кои кајганата може да биде многу повкусна од вообичаеното. За да ја направите совршена, избегнувајте ги овие 5 грешки.

Избегнете ги овие пет грешки за да направите совршена кајгана

1. Не ги матите јајцата доволно

Јајцата се матат за да се соединат белката и жолчката, но ако ги матите а не постигнете еднаква жолта нијанса, вие сепак не сте успеале во тоа и јајцата нема убаво да се испржат. Матете додека двата дела на јајцето не се соединат убаво.

2. Прерано ги матите јајцата

Матењето на јајцата нема за цел само да ги соедини белката и жолчката, туку и во нив да внесе воздух кој ќе ги направи меки и пенести. Немојте прерано да ги изматите јајцата пред да ги ставите на оган, затоа што бргу го губат воздухот кој ќе го примат. Гледајте да ги ставите да се пржат веднаш откако ќе ги изматите за најдобар резултат.

3. Ги пржите на многу силен оган

На јајцата не им треба силен оган. Со тоа можете само да ги изгорите. Совршената кајгана се готви бавно и трпеливо на тивок оган. Дури и тоа трае кратко, само неколку минути.

4. Ги пржите во погрешно тавче

Користете тавче кое одговара на количината јајца која ја готвите. Преголемо тавче ги зголемува шансите тие да изгорат и да добијат кафеави траги, а ако ги пржите во сад кој е премал тогаш нема да се испржат рамномерно.

5. Предолго ги пржите

Предолгото пржење на јајцата резултира со кајгана која е сува, се растегнува како гума и е потврда отколку што би требало да биде. Тргнете го тавчето од оган непосредно пред јајцата да бидат сосема испржени. Тие ќе се допржат од топлината која останала во тавчето и ќе бидат меки какви што сакате да бидат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар