Избегнете ги бактериите: Знаете ли колку често треба да ја менувате мрежата за туширање?

Влажната и топла бања е идеално место за бактерии, а исто така мрежата за туширање во чиишто набори се собираат овие микроскопски честички, па така може да ја нарушат природната рамнотежа на вашата кожа и вашето здравје.

Избегнете ги бактериите: Знаете ли колку често треба да ја менувате мрежата за туширање?

Мрежата за туширање често се среќава во многу бањи. Таа е многу практична затоа што со нејзина помош брзо се создава пена, со кружните движења се стимулира циркулацијата, додека истовремено се отстрануваат и мртвите клетки од кожата. Но, со оглед на тоа дека обично ја чувате во бањата, односно во топла и влажна околина која е совршена за развивање бактерии, таа може да биде опасна за здравјето, затоа што ситните микроскопски честички се размножуваат речиси преку ноќ. Научниците тврдат дека кога со мрежата за туширање поминувате преку кожата, всушност носите голема количина бактерии на површината на телото. Доколку притоа имате некоја рана, како на пример направена од употребата на жилети, вие се изложувате на инфекции. Доколку сакате да се ослободите од мртвите клетки на кожата, дерматолозите препорачуваат да користите пилинг за тело на природна база кој ефикасно ќе ја заврши својата работа.

Доколку не можете да се откажете од користење на мрежата, вие треба по секоја употреба темелно да ја исплакнете и да ја оставите да се исуши. Исто така една студија покажала дека кој било предмет што го користите при туширањето, треба да го менувате на секои три до четири недели.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар