Италијански сендвич со кашкавал

Се прашувате што фино да јадете? Доста ви е од обични сендвичи со кашкавал и шунка? Сакате нешто печено, топло, меко, брзо и многу вкусно, а во исто време и италијанско? Овој сендвич ги има сите квалитети. Направете го и уживајте во вкусот на стопениот кашкавал.

Италијански сендвич со кашкавал

Потребни состојки за 8 сендвичи:
  • 8 мали домати
  • 16 парчиња леб
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • оригано
  • 400 г кашкавал
  • 400 г фета сирење
  • 1/2 шолја пармезан
  • 16 парчиња мек кашкавал
Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Доматите исечете ги на половина и наредете ги во тавче за печење. Посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со оригано, сол и бибер. Печете ги додека да омекнат и станат малку набрани по краевите. Италијански сендвич со кашкавал2. Потоа, загрејте ја рерната на 250 Целизусови степени. Лепчињата намачкајте ги со маслиново масло и поделете ги во парови. Ставете по две парчиња домати на едната страна на лебот. Врз доматите, ставете малку фета сирење, а врз него две парчиња од мекиот кашкавал. Пред да го затворите сендвичот со второто парче леб, ставете малку рендан кашкавал. Преклопете го сендвичот. Истото направете го со сите парчиња леб.Италијански сендвич со кашкавалИталијански сендвич со кашкавал3. Сендвичите наредете ги во тавче за печење кое е претходно намачкано со масло. Печете ги сендвичите 15 минути или додека не се растопи кашкавалот. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан пармезан и печете уште малку, додека тој не се растопи. Италијански сендвич со кашкавалИталијански сендвич со кашкавалЗабелешка: Овој сендвич може да го направите и во три дела, така што ќе ставите уште едно парче леб во средината на сендвичот, но така можеби нема да ви биде баш згодно за јадење. Состојките на сендвичот навистина зависат од вашиот вкус: печурки, зеленчук, сувомеснати производи…Италијански сендвич со кашкавал


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар