Истражувањата покажуваат: Жените почесто гледаат порно филмови од мажите

Истражувањата покажуваат: Жените почесто гледаат порно филмови од мажите

Спротивно на генералното мислење, жените гледаат порно филмови, а некои од нив го прават тоа многу често. Всушност, 10-годишни истражувања спроведени од страна на Pornhub покажале дека жените почесто гледаат порно филмови од мажите. Жените поминуваат по 1:14 минути дневно повеќе на веб-сајтовите за порно филмови во споредба со мажите.

Истражувањата покажуваат: Жените почесто гледаат порно филмови од мажите

Овие податоци се сметаат за голем напредок, бидејќи ретко кои жени признаваат дека гледаат порно филмови и воопшто се осмелуваат да разговараат на таа тема. Но, истражувањата покажале дека речиси една третина од жените гледаат порно секоја недела, а околу 10% го прават тоа секој ден. Во продолжение, прочитајте ги и останатите интересни податоци кои целосно ги разоткриваат жените…

Жените сакаат жени

Па, која е најпопуларната категорија што ја пребаруваат жените? Лезбејки. Без разлика дали станува збор за хетеросексуалки, бисексуалки или хомосексуалки, жените сакаат жени. Интересно е тоа што жените кога пребаруваат порно филмови со лезбејки, најчесто бараат такви со женска ејакулација и со стреп-он.

Истражувањата покажуваат: Жените почесто гледаат порно филмови од мажите

37% од гледачите на порно филмови со геј мажи се жени

Токму така! Жените сакаат да гледаат порно филмови со хомосексуалци. Тоа е втората категорија по популарност за женските гледачи. Интересно е тоа што, ова е најпопуларната категорија за жените што имаат повеќе од 45 години.

Некои жени обожаваат груб секс

Во периодот помеѓу 2014 и 2015 година, дошло до големи промени во вкусот на жените кога станува збор за порно филмовите. Пребарувањата на порно филмови со мажи како овозможуваат орален секс пораснале дури за 500%, но исто така и на филмовите во кои се прикажува груб секс. Пребарувањата на романтично водење љубов пораснале само за 125%.

Истражувањата покажуваат: Жените почесто гледаат порно филмови од мажите

Пребарувањата се намалуваат за Денот на вљубените

По 6 часот попладне на Денот на вљубените, пребарувањата на порно филмови се намалуваат за 17% и тоа повеќе кај жените отколку кај мажите. Интересно е тоа што мажите на овој ден бараат порно филмови со страсно и романтично водење љубов.

Жените повеќе бараат порно филмови со бремени жени

Кај жените постои 27% поголема веројатност дека пребаруваат порно со бремени жени отколку кај мажите и тоа оваа категорија е најпопуларна кај жените на возраст од 25 до 34 години. Најверојатно се работи за жени кои поминуваат низ истото, па сакаат да видат како изгледа сето тоа отстрана.

Жените гледаат порно филмови на мобилните телефони

Кај жените постои 16% поголема веројатност дека гледаат порно на нивните телефони. Тие едноставно не можат да седат мирни и кај нив постојат 34% помали шанси дека ги користат компјутерите за разлика од мажите.

Истражувањата покажуваат: Жените почесто гледаат порно филмови од мажите

Како што може да се забележи, и жените гледаат порно филмови. Тука нема ништо срамно и треба да се престане со стереотипите дека само мажите се опседнати со порно. Резултатите од ова истражување дефинитивно можат да ги прошират хоризонтите на луѓето и да ги срушат сите предрасуди поврзани со гледањето порно филмови.

Ви се допаднаа податоците од ова истражување? Во тој случај, прочитајте ги и следниве 6 причини поради кои паровите треба заедно да гледаат порно филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар